Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата - од научни концепти до практична реализација (финансирано од Министерство за образование и наука)

Ivanovska, Biljana and Velinova, Eva and Jankova Alagjozovska, Natka and Serafimovska, Simona and Xhaferri, Gzim and Xhaferri, Brikena and Jovanovska, Sashka and Grkova-Beader, Marija and Sokolova, Marija and Miteva, Aleksandra and Harbova, Katerina and Ivanovski, Vladimir and Lidija, Kamceva-Panova and Negrievska, Nadica and Koceva, Ana and Tasevska, Marica (2025) Современи пристапи во истражувањето на интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата - од научни концепти до практична реализација (финансирано од Министерство за образование и наука). [Project]

[thumbnail of opis,1.pdf] Text
opis,1.pdf

Download (106kB)

Abstract

Предмет на ова истражување е интеркултурната прагматика и нејзината примена во наставата по странски јазици (германски и англиски), со фокус на изучувањето на германскиот и англискиот јазик како странски јазици, но и нивна споредба со изворните говорители на германскиот/англискиот јазик, како и анализа и споредба на прагматичките вештини со македонските изворни говорители. Истражувањата се засноваат врз анализа на прагматичката компетенција, развојот на интеркултурните комуникациски стратегии, како и ефикасноста на експлицитните инструкции за развој на прагматичките вештини. При собирање на јазичниот материјал ќе бидат вклучени македонски изучувачи на англискиот и на германскиот како странски јазици, во прв ред студенти од Катедрите по англиски јазик и книжевност и германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но и студенти од Факултетот за јазици, култури и комуникации при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во нашите анализи се планира вклучување на изворни говорители на англискиот и германскиот јазик, со цел споредба на јазичниот материјал. Поседувањето прагматичка компетенција подразбира способност на соговорникот да навлезе под површината на структурно-идентичното значење на кажаното или напишаното, со цел да го разбере вистинската комуникативна намера на говорителот. Разбирањето на прагматичкото значење често претставува предизвик за изучувачите на странски јазик, бидејќи тоа не е секогаш експлицитно изразено, а тие обично не располагаат со доволно прагматичко знаење за правилно толкување на комуникативното однесување на своите соговорници. Во отсуство на соодветни прагматички ресурси, изучувачите неретко се потпираат на модели од мајчиниот јазик, но ваквиот трансфер не секогаш функционира успешно поради културолошки и јазични разлики во прагматичките норми.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 20 Oct 2025 07:43
Last Modified: 24 Oct 2025 07:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36338

Actions (login required)

View Item
View Item