Определување на тешки и токсични метали во водите од градскиот водовод во Штип со примена на методата на ICP - AES

Boev, Blazo (2012) Определување на тешки и токсични метали во водите од градскиот водовод во Штип со примена на методата на ICP - AES. Зборник на трудови - Geologica Macedonica (3).

[thumbnail of Zbornik Kongres na Geolozi 2012_BOEV_7(317-325).PDF]
Preview
Text
Zbornik Kongres na Geolozi 2012_BOEV_7(317-325).PDF

Download (45MB) | Preview

Abstract

Tешките и токсични метали се едни од најчесто истражуваните елементи во геохемијата. Во групата на тешки и токсични метали се вбројуваат Hg, Pb, As, Ni, Cd, Cu, Co, Zn, Al, Mo, Mg, Mn, Na, P, U, K, Cr, V,
Fe, Sn, Se, Al, Sr, Ca, B, Ba. Дел од овие метали се наречени и биометали, поради учеството во метаболичките процеси на организмот и имаат есенцијално значење, но од друга страна пак нивната зголемена концентрација е токсична и канцерогена. Оваа амбивалентност е карактеристична за поголем број од горе споменатите елементи, со исклучок на многу токсичните метали Pb, As, Ni и Cd, кои се
токсични и во многу мали концентрации, и Mn за кој се знае дека е доста застапен во водата на штипското подрачје. Затоа и фокусот на овој труд ќе биде насочен токму кон овие метали. Како медиум во кои е вршено определувањето на тешките и токсични метали е водата од градскиот водовод на Штип, со примена на методата на ICP-AES (атомско емисиона спектрометрија со индуктивно спрегната плазма). За оваа цел се земени 80 проби од предходно внимателно избрани мерни пунктови, кои би дале репрезентативна слика за квалитетот на водата. Од следните определувани метали (Ag, As, Ni, Ba, Mn, Fe, Cr, V, Zn, Cu, Pb, Co, Cd), само Pb, Ag, As, Ni, Mn се во концентрации над дозволеното.

Item Type: Article
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Blazo Boev
Date Deposited: 13 Dec 2012 15:19
Last Modified: 10 Jun 2013 12:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3589

Actions (login required)

View Item View Item