Koevski, Goran and Tusevska, Borka and Spasevski, Darko (2024) „Местење на понуди“ во македонското конкурентско право и практика. In: Меѓународна научна конфенреција „Општествени промени во глобалниот свет“, 19-20 Sept 2024, Stip.
![Programa - FINAL - 11 conference, Faculty of Law, UGD (1).pdf [thumbnail of Programa - FINAL - 11 conference, Faculty of Law, UGD (1).pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
Programa - FINAL - 11 conference, Faculty of Law, UGD (1).pdf
Download (398kB)
![BID RIGGING во македонското конкурентско право и практика.pdf [thumbnail of BID RIGGING во македонското конкурентско право и практика.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
BID RIGGING во македонското конкурентско право и практика.pdf
Download (559kB)
Abstract
Предмет на истражување во овој труд претставува прашањето за „местење на
понуди“ во јавните набавки, со импликации врз конкурентското право и практика. Станува
збор за исклучително комплексна проблематика, која допира до повеќе аспекти на правото,
а in concreto, вклучува и економска димензија.
Јавните набавки per se претставуваат сложена проблематика, проследена со бројни
дилеми, контроверзии, практични проблеми и импликации во повеќе сектори од
општественото живеење. Доделувањето на договорите за јавните набавки, попрецизно,
распределбата на парите на граѓаните низ призма на правилата за јавните набавки, во
рамки на секој правен систем се одвива под посебен правен режим. За важноста на
прашањето релевантен доказ е и фактот што во рамки на ЕУ и глобално, донесени се
бројни и хетерогени правни правила, практики и препораки (меко право), коишто ја
уредуваат оваа материја, со идеја да се редуцира, нивелира просторот за манипулации,
злоупотреби, кривични и прекршочни дела во рамките на доделувањето и распоределбата
на парите на граѓаните, од страна на договорните органи.
Во ова истражување фокусот е на перцепцијата, односот и почитувањето на
системот на доделување на договорите од страна на економските оператори, или,
поконкретно, анализа на прашањето за „местење на понуди“ во јавните набавки, како
проблематика со која се занимаваат не само релеватните авторитети за заштита на
правилата на јавни набавки, туку, клучно се занимаваат телата надлежни за заштита на
конкуренцијата. Овој концепт не е непознат и во Македонскиот правен систем. Имено,
согласно важечката легислатива и постојната практика, Комисијата за заштита на
конкуренцијата има надлежности практика на решевање на овие случаи. Со кои предизвици
истата се соочува и каква е поддршката на правната рамка во делот на спречување,
откривање и санкционирање на ваквиот вид на повреда на правилата на конкуренција, е
главната мотивација на оваа истражување.
Клучни зборови: понуда, местење, јавен повик, конкуренција, пазар, стоку, услуги.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Borka Tusevska |
Date Deposited: | 11 Feb 2025 10:50 |
Last Modified: | 11 Feb 2025 10:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35704 |