Majhosev, Andon and Cackov, Oliver (2024) 100 години синдикално движење во Штип (1923-2023). Other. Национална установа Универзитетска библиотека Гоце Делчев Штип, Stip.
![100 години синдикално движење во Штип.pdf [thumbnail of 100 години синдикално движење во Штип.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
100 години синдикално движење во Штип.pdf
Download (328kB)
Abstract
Синдикалното движење во Штип како дел од севкупниот синдикален живот во Македонија, во организирана форма се јавува во дваесетите години од XX век. Организираниот синдикален живот во Штип има едновековна традиција и неговата активност всушност e израз на борба за социјална правда и подобрување на економско-социјалната положба на работниците во градот и пошироко.
Синдикалното организирање кај нас се појавило релативно подоцна во однос на другите капиталистички држави во Европа. Од историска гледна точка, синдикалното и работничкото движење во Македонија, а во тие рамки и во Штип произлегува од непомирливата противоречност помеѓу трудот и капиталот во економската и социјалната сфера. Таа се изразува во нееднаквата положба на учесниците во процесот на работата. На едната страна се наоѓаат сопствениците на капиталот (средствата за производство) и врз основа на тоа тие управуваат со производниот процес, а на друга, обесправените и експлоатирани работници. Историјата на работничкото и синдикалното движење е, всушност, историја на борбата на експлоатираното и обесправено работништво, за подобрување на сопствената економско-социјална положба во капиталистичкиот начин на производство. Во суштина, станува збор за историја на борбата на експлоатираните и обесправените против експлоататорите и потчинувачите. Таа борба се води со цел укинување или, ублажување на експлоатацијата и на другите видови обесправеност, потчинетост и угнетеност. Експлоататорскиот карактер на капиталистичкиот начин на производство е основна причина и повод за перманентна синдикална борба. Оваа борба низ историјата, во разни периоди, се изразувала со различен интензитет и со различни средства и методи.
Item Type: | Monograph (Other) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Andon Majhosev |
Date Deposited: | 06 Feb 2025 09:18 |
Last Modified: | 06 Feb 2025 09:18 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35621 |