Постапка по претходно одлучување пред судот на правдата на Европската Унија: предизвик во најава за македонското судство

Josifovic, Ivica (2024) Постапка по претходно одлучување пред судот на правдата на Европската Унија: предизвик во најава за македонското судство. Стручно списание Правник (381-2). pp. 20-26. ISSN 1409-5238

[thumbnail of Pravnik 381-382.pdf] Text
Pravnik 381-382.pdf

Download (326kB)

Abstract

Правото на ЕУ функционира преку систем на „децентрализирано“ извршување, каде што националните судови се примарен двигател на усогласеноста. Сепак, не е само на националните судови да ја утврдат прецизната природа на правата и обврските што произлегуваат од актите на ЕУ. Затоа, кога ќе се појават прашања во врска со толкувањето на правото на ЕУ, не е само обврска на националните судови да ги решат. Толкувањето на правно-обврзувачките акти на ЕУ, Повелбата за основните права на ЕУ и другите релевантни принципи, како и сите празнини во законодавната рамка на ЕУ ќе треба да ги реши СПЕУ, преку постапката по претходно одлучување по прашања упатени од судовите во државите членки во согласност со член 267 од Договорот за функционирање на Европската Унија. Во децентрализираниот судски систем на ЕУ, постапката по претходно одлучување е средство за промовирање на правно единство и поттикнување на развојот на правото на ЕУ, преку создавање можност за дијалог меѓу националните судови и СПЕУ. Кога Македонија ќе стане членка на ЕУ, ако нашето законодавство не ги рефлектира правилно барањата на правото на ЕУ и тоа е штетно за странките во постапката пред домашните судови, упатувањето до СПЕУ може да биде еден начин да се постигне промена во законодавството и практиката во домашната јурисдикција.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Ivica Josifovik
Date Deposited: 05 Feb 2025 10:14
Last Modified: 05 Feb 2025 10:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35590

Actions (login required)

View Item
View Item