Влијание на резистентноста на ацетилсалицилната киселина врз клиничката слика на исхемичен мозочен удар и појавата на рецидиви

Lickova, Elena (2025) Влијание на резистентноста на ацетилсалицилната киселина врз клиничката слика на исхемичен мозочен удар и појавата на рецидиви. Doctoral thesis, Универзитет “Гоце Делчев”-Штип.

[thumbnail of 23.1.2025 докторат.пдф.pdf] Text
23.1.2025 докторат.пдф.pdf

Download (1MB)

Abstract

Вовед: Aцетилсалицилната киселина (АСА) е најчесто применуван антиагрегант за третман на исхемичен мозочен удар (ИМУ), но резистентноста на АСА варира од 5% до 60% во различни популации. Целта на оваа студија беше да се утврди преваленцијата на резистентност на АСА кај пациенти со ИМУ
и да се испита нејзината поврзаност со демографските карактеристики, ризик факторите, повторен удар и сериозноста на клиничката слика.
Методи: Вклучивме 100 последователни пациенти со примарен или повторен ИМУ, дијагностицирани преку компјутеризирана томографија (КТ) или магнетна резонанца (МРИ). Резистентноста на АСА беше тестирана со системот Innovance PFA 200 по најмалку еден месец редовна употреба на 100 mg АСА дневно. Клиничката сериозност на ИМУ беше оценета преку скалите NIHSS и mRS.
Резултати: Преваленцијата на резистентност на АСА во нашата студија беше 32%. Пациентите со резистентност на АСА беа статистички значајно постари (69.9±7.5 наспроти 61±1 години), главно мажи (75% наспроти 45.6%) и со претходен кардиоваскуларен настан (р<0,05). Дополнително,резистентноста на АСА беше поврзана со значително поголема инциденција на повторен ИМУ
(75% наспроти 22.05%, р<0,05). Сепак, не беше утврдена значајна корелација помеѓу резистентноста на АСА и сериозноста на ИМУ според скалите NIHSS и mRS. Користејќи ANOVA, хемоглобинот, хематокритот, возрастa, гликемијата на
гладно и присуството на дијабетес имале статистички значаен ефект на категоријата на тежина на мозочниот удар (p<0,05).
Заклучок: Резистентноста на АСА кај пациенти со ИМУ се јавува почесто со стареењето, кај машки пол и лица со претходни кардиоваскуларни заболувања. Резистентноста на АСА не влијае директно врз сериозноста на клиничката слика на ИМУ, но го зголемува ризикот од повторување на ИМУ.
Клучни зборови: резистентност, ацетилсалицилна киселина, исхемичен мозочен удар, NIHSS, mRS, повторен исхемичен мозочен удар.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Valentina Velkovska
Date Deposited: 24 Jan 2025 11:47
Last Modified: 11 Feb 2025 11:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35519

Actions (login required)

View Item
View Item