Државни политики и мерки за развој на претприемништво

Magdinceva Sopova, Marija and Stojanovska-Stefanova, Aneta and Jovevska, Svetlana (2024) Државни политики и мерки за развој на претприемништво. Yearbook - Faculty of Tourism and Business Logistics, 4 (1). pp. 44-48.

[thumbnail of ДРЖАВНИ ПОЛИТИКИИ МЕРКИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО.pdf] Text
ДРЖАВНИ ПОЛИТИКИИ МЕРКИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО.pdf

Download (285kB)

Abstract

Државните политики и мерки имаат клучна улога во поттикнувањето и развојот на
претприемништвото. Влијанието и ефектите се рефлектираат дирекно преку зголемување на бројот
на претприменички претпријатија и развој на постоечките како и индирекно преку активности за
креирање на поттикнувачка бизнис-клима и поддршка на претприемачите. Индиректното влијание
за развој на претприемништвото претставува симбиоза од повеќе фактори кои придонесуваат за
промовирање на претпримеништвото и претприемачите.
Генерално, државните политики и мерки се креираат со цел да го олеснат процесот на
започнување и развојот на бизнисите преку зголемување на економската активност и отворање
нови работни места. Сетот државни мерки кои се состои од финансиско поттикнување, даночни
олеснувања, инфраструктурни инвестиции и реформи во регулативата придонесува за забрзан
економски развој и зголемување на конкурентност на претпријатијата.
Во рамките на овој труд ќе биде даден приказ на најзначајните политики и државни мерки
за развој на претприемништвото. Можностите за развој на претприемништво се јавуваат како
резултат на одредените промени во глобалното окружување кои се случуваат под влијание на
брзиот технолошки развој и изразена дигитализација во сите сегменти на работа. Во рамки на
трудот ќе биде спроведена анализа на основните политики и мерки за постигнување развој на
претприемништвото. Во завршниот дел од трудот ќе бидат дадени заклучни согледувања и
препораки за подобрување на состојбата.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Aneta Stojanovska
Date Deposited: 16 Jan 2025 09:16
Last Modified: 16 Jan 2025 09:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35436

Actions (login required)

View Item View Item