Pejcinovska Stoilkovska, Viktorija and Veselinova, Elena (2024) Улогата на ефективно лидерство во организациската култура. Yearbook - Faculty of Economics, 26 (1). ISSN 1857-7628
Text
Trud Zbornik, VPS i EV.pdf Download (1MB) |
Abstract
Целта на овој труд е да ја истражи улогата на ефективното лидерство во
обликувањето на организациската култура, со фокус на идентификацијата и анализата на
различните модели на менаџерско лидерство. Предметот на истражувањето ги опфаќа односите
помеѓу лидерските стилови и организациската ефективност, додека емпирискиот корпус се базира
на анализи од релевантна литература и примери од практиката. Техниките на анализа вклучуваат
споредба на карактеристиките на ефективно и неефективно лидерство, како и идентификација на
основните предизвици и можности за подобрување на организациските перформанси. Клучните
резултати покажуваат дека успешното лидерство значително ја зголемува продуктивноста,
мотивацијата и тимската кохезија, додека недостатокот на лидерски вештини води до слаба
организациска култура и намалена конкурентност. Трудот заклучува дека развојот на системски
пристапи за усовршување на лидерските способности е клучен за долгорочниот успех на организациите.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Elena Veselinova |
Date Deposited: | 09 Jan 2025 07:58 |
Last Modified: | 09 Jan 2025 07:58 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35399 |
Actions (login required)
View Item |