Stamevski, Vasko and Slamkov, Gjorgi (2020) Некои аспекти на етиологијата на криминалот на злоупотреба на власта. International Journal of Science and Arts – IDEA, 4 (7). pp. 113-126. ISSN 2545-4552 2545-4560
Text
Некои аспекти на етиологијата на криминалот на злоупотреба на власта.pdf Download (210kB) |
|
Text
Sodrzina.pdf Download (113kB) |
Abstract
Секој нов облик на криминал, кога ќе се појави во некоја форма, која дотогаш е непозната, се третира како неконвенционален и претставува нов феномен во современиот начин на живеење, предизвикан од некои фактори, кои дотогаш биле непознати или пак постоеле, но биле латентни.
Заедничко за поголемиот дел од нив е тоа што се поврзани со лица кои се на определени позиции во економијата, политиката и секако во власта, на кои позицијата им овозможува преку користење на привилегии, имунитет или дискрециони овластувања, посредно или непосредно, да учествуваат во
вршењето на определени кривични дела, кои се класифицираат во дела поврзани со злоупотреба на власта. Така е со сите „нови“ форми на криминал, со што се потврдува тезата дека криминалот, и покрај својата константност и постојаност, сепак во основа е динамична појава.
Од особена важност за овие форми на криминал е неговата етиологија (корените од каде извираат неговите карактеристики). Голем е дијапазонот на факторите кои влијаат за појава на криминалот на злоупотреба на власта, кои пак се од исклучителна важност при неговото детектирање, разоткривање и спречување.
Посебен акцент е ставен на личните својства, но не помалку важни се и другите егзогени фактори кои влијаат врз појавата на овој облик на криминал
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Gorgi Slamkov |
Date Deposited: | 02 Jan 2025 08:31 |
Last Modified: | 02 Jan 2025 08:31 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35347 |
Actions (login required)
View Item |