Slamkov, Gjorgi and Stamevski, Vasko and Stamevska, Elizabeta (2023) Предуслови и мерки за ефикасна борба против перење пари. International Journal of Science and Arts - “IDEA”, 7 (13). ISSN 2545-4552 2545-4560
Предуслови и мерки за ефикасна борба против перење пари.pdf
Download (672kB)
Sodrzina.pdf
Download (277kB)
Abstract
Во рамките на трудот, авторите ја обработуваат темата за штетните последици од перењето
пари, предусловите за превенција, како и мерките за ефикасна борба против перењето пари.
Акцентот е ставен на меѓународниот пристап, поаѓајќи од фактот дека во услови на
глобализација и брз трансфер на капитал и стоки, можностите за прекугранично пренесување на
приносите од кривично дело, преку перење пари, е можно во висок степен.
Авторите ги обработуваат горните прашања од аспект на трансфер на незаконски стекнат
капитал од државите во развој кон финансиските центри и развиените држави. Во рамките на трудот ги
презентираат позначајните предуслови за ефикасна меѓународна борба против перењето пари, и тоа
како преку јакнење на нормативната рамка, така и преку креирање на соодветни институционални
капацитети.
Посебно внимание е посветено на мерките за ефикасна борба против перењето пари. Станува
збор за инструменти кои се применуваат од финансиски институции, како и од органи за спроведување
на законот, со цел за длабинска анализа на потеклото на парите, постоењето на елементи за сомневање,
следење на движењето на средствата, посебен пристап кон високоризичните држави, како и градење на
механизми за брза реакција на меѓународен план во случај на основано сомневање дека станува збор за
перење на приноси од извршено кривично дело.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Law |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Gorgi Slamkov |
| Date Deposited: | 02 Jan 2025 08:31 |
| Last Modified: | 02 Jan 2025 08:31 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35341 |
