Slamkov, Gjorgi and Stamevski, Vasko (2024) Степенот на имплементација на стратешкиот антикорупциски документ како позакател за успешноста во борбата против корупцијата. Монографија Знаењето и талентот – фундамент за успешност. pp. 69-80.
![Степенот на имплементација на стратешкиот антикорупциски документ како позакател за успешноста во борбата против корупцијата.pdf [thumbnail of Степенот на имплементација на стратешкиот антикорупциски документ како позакател за успешноста во борбата против корупцијата.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
Степенот на имплементација на стратешкиот антикорупциски документ како позакател за успешноста во борбата против корупцијата.pdf
Download (593kB)
![Содржина.pdf [thumbnail of Содржина.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
Содржина.pdf
Download (491kB)
Abstract
Во рамките на трудот, авторот го обработува проблемот со ниската
имплементација на македонската стратегија за спречување на корупцијата и судирот на
интереси за периодот 2021-2025 година.
Се потенцира значењето на основниот антикорупциски документ во јакнење на
напорите за намалување на корупцијата, градење на одржливи и функционални
институции и остварување на правата на граѓаните. Имено, авторот потенцира дека
Националната стратегија е базата, фундаментот од каде што се насочуваат идните
нормативни и институционални напори за спречување на корупцијата и судирот на
интереси, дека без нејзино имплементирање нема простор да се очекува успех во
борбата против корупцијата.
Авторот ги потенцира меѓународните документи од кои се создадоа правни
основи за изготвување на стратешки антикорупциски акти.
Се презентираат податоци за слабата имплементација на Националната стратегија во
2021 и 2022 и притоа авторот го истакнува сопствениот предлог за подобрување на
состојбата со имплементацијата на Националната стратегија.
Имено, авторот предлага формирање на Национален совет за следење на
имплементација на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на
интереси во рамките на Собранието на Република Северна Македонија, притоа
презентирајќи го начинот на негово компонирање и аргументите зошто таквото
решение ќе креира резултати.
Авторот го потенцира значењето на политичката волја како во
имплементацијата на Националната Стратегија така и во севкупната борба против
корупцијата.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Gjorgi Slamkov |
Date Deposited: | 02 Jan 2025 08:30 |
Last Modified: | 02 Jan 2025 08:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35339 |