Trajkovska, Mihaela and Koleva, Blagica (2024) Современи системи за пресметка и управување со трошоците. Годишен зборник 2024, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Економски факултет, 26. ISSN 1857-7628
Text
Mihaela, prof.Blagica.pdf Download (1MB) |
Abstract
Предмет на обработка во овој труд претставуваат современите системи за пресметка на трошоците, преку анализа на начинот на кој истите ги опфаќаат и пресметуваат сметководствените трошоци, со цел за што е можно попрецизно одредување на цената на чинење на учиноците и ефикасно управување со бизнисите.
Современите методи за пресметка на трошоците имаат значајна улога во современите пазарни економии, заради се поизразената потреба за хармонизација на производствените процеси и ефикасно управување со финансиите, односно зголемување на профитот на компаниите.Традиционалните системи за пресметка на трошоците се недоволно ефикасни во управувањето со производството, затоа што во услови на развиени и високо конкурентни пазари, се јавува потреба во исто време да се произведува поефтино, со повисок квалитет и побрзо во однос на конкуренцијата. Ова може да се постигне со воведување и примена на современите методи за пресметка на трошоците, кои имаат различни цели и со самото тоа, не се универзални за сите типови на индустрии.
Врз основа на различните потреби на компаниите и поставените цели на работењето, менаџментот избира еден од методите за пресметка на трошоците, кој најдобро ги задоволува потребите на сметководството и стратешкиот менаџмент на компанијата.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Blagica Koleva |
Date Deposited: | 25 Dec 2024 12:04 |
Last Modified: | 25 Dec 2024 12:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35324 |
Actions (login required)
View Item |