Принос и компоненти на приносот кај некои сорти пченица одгледувани во Кочанско

Minov, Ivan and Ilieva, Verica and Markova Ruzdik, Natalija (2024) Принос и компоненти на приносот кај некои сорти пченица одгледувани во Кочанско. In: V Студентска конференција "Критични прашања во земјоделствотот и животната средина", 13 Nov 2024, Faculty of Agriculture, Goce Delcev University.

[thumbnail of Minov et al. (2024) - Prinos i komponenti na prinos kaj nekoi sorti pcenica odgleduvani vo Kocansko.pdf] Text
Minov et al. (2024) - Prinos i komponenti na prinos kaj nekoi sorti pcenica odgleduvani vo Kocansko.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of Kniga na apstrakti, 2024 g..pdf] Text
Kniga na apstrakti, 2024 g..pdf

Download (1MB)
[thumbnail of Programa za V studentska konferencija.pdf] Text
Programa za V studentska konferencija.pdf

Download (235kB)

Abstract

Целта на ова истражување беше да се проучат приносот и компонентите на приносот кај седум сорти на пченица во почвено-климатски услови на кочанскиот регион. Испитувани се пет интродуирани сорти (НС Рајна, НС Игра, НС Епоха, НС Фаладо и НС Гривна) и една домашна сорта (Мила) во споредба со сортата Победа која најчесто се одгледува во овој регион. Истражувањата се реализирани во производната 2022/23 година, во рандомизиран блок систем со три повторувања. Анализирани се приносот на зрно, висината на стеблото, должината на класот, бројот на клавчиња во класот, бројот на зрна во класот, тежината на зрната во класот, тежината на 1000 зрна, бројот на класови во m2 и биолошкиот принос. Анализата на варијансата покажа широка генетска варијабилност и значајни разлики меѓу испитуваните сорти за сите испитувани својства.
Највисок просечен принос на зрно е добиен од сортата Фаладо (0,68 kg/m²). Освен за приносот на зрно, сортата Фаладо постигна највисоки просечни вредности и за тежина на зрна по клас (2,49 g), маса на 1000 зрна (43 g) и биолошки принос (3,1 kg/m2) како во однос на стандардот, така и во однос на останатите сорти. Втора најприносна сорта е сортата Гривна, со просек 0,66 kg/m², како и со највисок просек за број на класови на m² (1380) и број на зрна по клас (64,86). Високи вредности на генотипскииот (GCV) и фенотипскиот (PCV) коефициент на варијабилност беа евидентирани за својствата: принос на зрно (GCV 44,29%) и (PCV 44,41%), биолошки принос (GCV 30,75%) и (PCV 31,5%), тежина на зрна по клас (GCV 25,59%) и (PCV 29,18%), број на зрна по клас (GCV 23,33%) и (PCV 24,42%) и должина на клас (GCV 19,42%) и (PCV 20,03%), што укажува на висока варијабилност меѓу генотиповите. Сите испитувани својства покажаа висока херитабилност (66,86% за број на клавчиња по клас до 99,43% за принос на зрно). Високо значајна позитивна поврзаност беше констатирана помеѓу приносот на зрно и својствата број на зрна по клас (0,793) и тежина на зрна по клас (0,928) и помеѓу својството должина на клас и својствата број на клавчиња по клас (0,820) и тежина на зрна по клас (0,606).

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Natalija Markova Ruzdik
Date Deposited: 24 Dec 2024 09:48
Last Modified: 24 Dec 2024 09:48
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35306

Actions (login required)

View Item View Item