Анализа на финансиските извештаи на училиштата во РСМ

Koleva, Blagica and Gjorgieva-Trajkovska, Olivera and Mitreva, Mila (2024) Анализа на финансиските извештаи на училиштата во РСМ. Годишен зборник 2024, Универзитет ”Гоце Делчев” – Штип, Економски факултет, 26 (1). pp. 17-26. ISSN 1857-7628

[thumbnail of BLAGICA, OLIVERA, MILA-2024.pdf] Text
BLAGICA, OLIVERA, MILA-2024.pdf

Download (2MB)

Abstract

Во јавните установи, како што се училиштата, финансиите се главно буџетски и нивното трошење подлежи на контрола и надзор од финансиски институции, локална самоуправа,
управен одбор итн. Работата на менаџментот во финансискиот дел е да планира, обезбеди и правилно да го насочи трошењето на средствата и за истите да даде отчет пред надлежните во вид на финасиски извештаи, завршна сметка итн. За сето тоа е потребно менаџментот на училиштата
да биде стручен, креативен, да умее да истражува и постојано да учи. Колку поуредно се работи во финасискиот дел, толку развојот на училиштето ќе биде поголем, тоа ќе биде поконкурентно и ќе може да ги следи современите текови во образовниот процес. Овој труд ја истражува улогата на финансиските извештаи во управувањето со училиштата
во Република Северна Македонија. Анализирани се клучните аспекти на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на финансиското работење, со осврт на законската регулатива и праксата во образовните институции. Истражувањето се базира на анкети со менаџери, сметководители и наставници од различни училишта, при што се идентификувани предизвиците и можностите за подобрување. Добиените резултати покажуваат дека иако финансиското работење во училиштата е главно стабилно, потребна е поголема едукација и вклученост на сите засегнати страни. Предложени се насоки за подобрување на транспарентноста и оптималното управување со финансиските ресурси.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mila Mitreva
Date Deposited: 23 Dec 2024 12:41
Last Modified: 23 Dec 2024 12:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35305

Actions (login required)

View Item View Item