Стоматолошки материјали и технологија - скрипта

Kovacevska, Ivona (2013) Стоматолошки материјали и технологија - скрипта. ISBN 978-608-4708-28-5.

Full text not available from this repository.

Abstract

Изучувањето на особините, перформансите, апликативната можност, индикациите и контраиндикациите за употребата и поставувањето на материјалите во стоматологијата, односно во нејзините дисциплини, конкретно создавањето на надоместоци кои се вградуваат или користат во оралната средина на хуманата популација претставува многу сериозна и суптилна дејност.
Соочувајќи се со фактот дека во текот на денот стоматологот и забниот техничар доаѓаат во контакт со голем број на различни материјали, се почуствува недостиг од соодветна стручна литература од македонско јазично подрачје.
Содржините презентирани во оваа скрипта се предвидени за студентите од Факултетот за медицински науки, студиска програма Стоматологија и Стручните студии за забен техничар - протетчар. Тие се комплементарни со студиската програма по предметот Стоматолошки материјали и опрема, кој се изучува во текот на првиот семестар, додипломски студии. Исто така, предметот Стоматолошки материјали и технологија кој се изучува во текот на четвртиот семестар. Предмет на изучување се неметалите кои се користат примарно во заботехничката лабараторија но и во клинички услови. Делумно содржините од оваа скрипта ќе им помогнат и на студентите по Општа стоматологија во совладување на поставените задачи по предметот Стоматолошки материјали кој го изучуваат исто така во прв семестар.
Покрај текстуалната поставеност присутни се и фотографии кои верувам дека попрактично ќе им ги доловат содржините од оваа скрипта на студентите и ќе им помогнат во нивната едукација и мануелна апликативна демонстрација.
Секако дека податоците изнесени во текстот не се совршени, можеби друг автор или колегите студенти ќе најдат мноштво недостатоци, но во моментот како автор мислам дека секогаш ќе има новитети, современи технологии, тренд материјали бидејќи самата наука за стоматолошките материјали и нивната технологија претставува временски менлива категорија.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 21 Dec 2012 11:38
Last Modified: 08 Apr 2015 12:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3526

Actions (login required)

View Item View Item