Проект "Fashion Employment hub" како дел од програмата Interreg -IPA CBC.

Risteski, Sanja (2023) Проект "Fashion Employment hub" како дел од програмата Interreg -IPA CBC. [Project]

Full text not available from this repository.

Abstract

Студентите на Технолошко- техничкиот факултет при УГД во периодот од 31 октомври до 3 ноември 2023 година беа на студиска посета во Солун, Грција, во рамките на проектот "Fashion Employment hub". Учеството на оваа студиска посета беше на покана текстилното трговско здружение- Текстилен кластер Штип.
чество земаа студенти од прва до четврта година на насоката "Дизајн и технологија на текстил и облека", а беа придружувани од страната на проф. д-р Сања Ристески.
Целта на оваа студиска посета беше запознавање и обука на студентите за CAD/CAM системите и Fashion snoops платформата. Платформата Fashion Snoops Trend обединува креативци од дизајн, развој на производи, трговија, маркетинг и купување. Оваа платформа ги поврзува точките од културното влијание до иновациите на производите. Преку Fashion snoops платформата студентите работеа на креативноста, истражуваа за тековните и идните модни трендови како во областа на материјалите така и во делот за дизајн.
Проектот имаше за цел да ги подобри вештините на младите модни дизајнери, текстилни и конфекциски инеженери во прекуграничната област и развој на Моден центар за вработување.
Имплементатори на проектот се Центарот за доживотно учење на регионот Централна Македонија (Seers), Грчката асоцијација за модна индустрија (SEPEE), здружението Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА (Струмица) и Текстилно трговско здружение - ТекстиленКластер (Штип). На крајот од ова студиско патување, студентите се стекнаа со знаења и вештини кои им помогнаа подобро разбирање за актуелните модни трендови, како и CAD/CAM системите кои можат да им помогнат во подобрувањето на продуктивноста при работа. Преку обуката за Fashion Snoops платформата се стекнаа со вештини за развивање на креативноста, добивање на идеи, креирање на нови модели врз основа на направените анализи и реализираа дизајни следејќи ги актуелните идни трендови.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Materials engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Sanja Spasova
Date Deposited: 29 Nov 2024 10:00
Last Modified: 29 Nov 2024 10:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35092

Actions (login required)

View Item View Item