Соработка на клиничките фармацевти со лекарите специјалисти при пропишување на биолошки оригинаторни и биолошки слични лекови

Trajculeski, Marija and Smilkov, Katarina (2024) Соработка на клиничките фармацевти со лекарите специјалисти при пропишување на биолошки оригинаторни и биолошки слични лекови. In: Развој на аптекарска практика и меѓупрофесионална соработка. Kолку брзо може да растеме?, 08-10 Nov 2024, Struga, R.N.Macedonia.

[thumbnail of Zbornik_PharmaPractice_2024_V02.11.pdf] Text
Zbornik_PharmaPractice_2024_V02.11.pdf

Download (785kB)
[thumbnail of STRUGA POSTER aptekarska griza final.pdf] Text
STRUGA POSTER aptekarska griza final.pdf

Download (314kB)

Abstract

Биолошките лекови сé почесто се дел од третманот на многу специфични состојби. Активната супстанција кај биолошки сличните лекови (биосимилари) е високо слична на активната супстанција веќе одобрена кај оригинаторниот биолошки лек. Биолошки сличните лекови се воведуваат откако на веќе
постоечкиот биолошки лек ќе му истече патентната заштита. Биосимиларите се нова тераписка алтернатива и нивното воведување има цел да се зголеми конкуренцијата меѓу производителите, да се намалат цените и да се олесни пристапот на пациентите до скапи лекови. Цел на овој труд е да се разгледаат ставовите за пропишување на биолошките оригинаторни лекови и биосимилари, особено во однос на соработката при нивното пропишување и можноста за нивна супституција на ниво на фармацевт, постапка која е
пракса кај генеричките лекови. За реализација на целите направен е преглед на досега објавените резултати од спроведни прашалници кај лекари специјалисти и клинички фармацевти. Од направениот преглед на оригинални
научни трудови во базите на податоци PubMed и Scopus, објавени во периодот од 2013 до 2023 година, после анализа на податоците од селектираните трудови, се забележува дека варијабилен, но сепак висок процент (64%-95%) од испитаниците се загрижени или не се согласуваат супституцијата на биолошката терапија да биде предводена од фармацевт. Во поголем дел (80%-90%) се согласуваат дека фармацевтите може да одлучуваат за замена, но само заедно со лекарот или се со став дека замената е во целосна одговорност на лекарот.Несогласувањето и загриженоста од вклучување на фармацевтите во овој процес во голема мера укажува на недостаток на информации или потреба од дополнителна едукација за оваа група на лекови.
Токму во оваа насока се наметнува улогата на клиничкиот фармацевт со цел едукација на сите засегнати страни при употребата биолошката терапија.
Добрите односи клинички фармацевт-лекар специјалист имаат големо значење за добро менаџирање на употребата на биолошката терапија пред сé во насока на нивна сигурна, економична и добро управувана терапија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katarina Smilkov
Date Deposited: 12 Nov 2024 10:15
Last Modified: 12 Nov 2024 10:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/35028

Actions (login required)

View Item View Item