Trpevska, Vesna and Dimova, Cena and Mijoska, Aneta and Denkovski, Marijan and Vasileska, Aleksandra (2024) Анализа на динамичните оклузални фактори поврзани со нарушувања на темпоромандибуларниот зглоб. Vox Dentarii (57). pp. 41-44.
Text
Vox Dentarii 57_10.2024.pdf - Published Version Download (515kB) |
Abstract
Вовед: Идентификување на динамичните оклузални ризик фактори, асоцирани со состојбите на нарушување на ТМЗ е исклучително важно за да се постави прецизна дијагноза и да се обезбеди соодветен третман кај пациентите со овие нарушувања.
Цел: Да се одредат динамичните оклузални фактори како ризик фактори поврзани со нарушување на ТМЗ.
Материјал и метод: Во нашето испитување вршевме анализа на оклузалните ризик-фактори поврзани со нарушувања на темпоромандибуларниот зглоб кај 30 испитаници со нормална оклузија, прва класа според Angle без симптоми на нарушување на ТМЗ како контролна група и 30 испитаници со еден или повеќе симптоми на нарушување на ТМЗ како експериментална група. Со помош на Т-Scan III апаратот, ги анализиравме: центарот на оклузалната сила, предвремените контакти, времето на оклузија и времето на дисоклузија.
Резултати: Споредено со контролната група, експерименталната група имаше сигнификантно повисока фреквенција на билатерална асиметрична распределба на силата на оклузија, со дислокација на центарот на оклузалната сила кај 53,33% од пациентите. Испитаниците од експерименталната група имаа сигнификантно повисока фреквенција на предвремени контакти (50%) и пролонгирано време на оклузија и време на дисоклузија споредено со контролната група.
Заклучок: Пациентите со ТМЗ нарушувања се карактеризираат со билатерално неуниформна распределба на оклузалните контакти со дислокација на центарот на оклузалната сила, присуството на оклузални интерференции во постериорниот сегмент и зголемено време на оклузија и дисоклузија при мандибуларните движења.
Клучни зборови: Нарушувања на темпоромандибуларниот зглоб, динамични оклузални фактори, дигитална оклузална анализа.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Vesna Trpevska |
Date Deposited: | 04 Nov 2024 08:28 |
Last Modified: | 04 Nov 2024 08:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34928 |
Actions (login required)
View Item |