Kicara, Dzevat (2024) Унапредување на деловните процеси во хотелиерството во Република Северна Македонија. Doctoral thesis, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.
Text
Докторат-конечна верзија 10.2024_ДК-за Репозиториум.pdf Download (4MB) |
Abstract
Денес, кога организациите се соочуваат со глобалната конкуренција, постои изразена тенденција за пронаоѓање нови начини за зголемување на перформансите, како преку зголемување на квалитетот на производите/услугите и процесите така и преку намалување на оперативните трошоци. Со цел полесно да се идентификуваат нови начини на работење, организациите сè повеќе ја прифаќаат процесната ориентација како неопходност и услов за успешност во работењето.
Процесната ориентација го олеснува идентификувањето на активностите и задачите што придонесуваат за создавање вредност, односно обезбедува троен позитивен ефект врз бизнисот, преку квалитетот, трошоците на квалитет и времето за реализација на процесите, што има позитивно влијание врз конкурентноста на организациите од областа на хотелиерството. Притоа, квалитетот се издвојува како детерминанта на конкурентноста чии ефекти може да се следат преку ефективноста и ефикасноста. Во таа смисла, се поаѓа од тоа дека континуираното подобрување на квалитетот на деловните процеси во хотелиерството, втемелено врз концептот на целокупното управување со квалитетот, е услов за исполнување на очекувањата на корисниците на хотелските услуги, како на интерните така и на екстерните.
Преку истражувањето во докторската дисертација целта е да се добие општа претстава за моделите на управување со деловните процеси во хотелската индустрија во Република Северна Македонија.
Проблемот што е истражуван во овој труд се однесува на состојбата и унапредувањето на деловните процеси во организациите од хотелската индустрија во Република Северна Македонија и нивото на зрелост во однос на стратегијата на TQM (Total Quality Management), што претставува еден нов пристап во менаџментот, во насока на континуирано подобрување на квалитетот на сите активности на организациите. Затоа и целта на дисертацијата беше да се направи анализа на постојната состојба во хотелската индустрија, да се анализираат можностите за унапредување на деловните процеси во хотелиерството и на крај да се предложи модел за подобрување на овие процеси.
Предмет на истражување на оваа докторска дисертација се хотели со 3, 4 и 5 ѕвезди во Република Северна Македонија, а се однесува на утврдување на нивото на управување со деловните процеси, како и предлагање модел за нивно унапредување.
Во собирањето податоци се користеше анкетен прашалник составен од три дела. Резултатите се обработени со статистички методи.
Како статистички индикатори за зрелоста во управувањето со деловните процеси и факторите на конкурентност на хотелите се користат: информатичката технологија, управување со процесите (вклучително и методите и техниките за бездефектно работење), управување со вработените, стратегиски пристап, организациска или деловна култура и конкурентност (удел на пазарот) на хотелот.
Преку испитувањето на поврзаноста помеѓу нивоата на зрелост во управување со деловните процеси и конкурентноста на организациите во Република Северна Македонија, со помош на статистичката непараметриска постапка Спирманов коефициент на корелација, пронајдена е висока, статистички значајна позитивна корелација ‒ со повисоко ниво на зрелост на управување со деловните процеси и припаѓачките фактори значи и повисоко ниво на конкурентност на пазарот на организацијата. На таа основа, се прифаќа главното истражувачко тврдење дека постои статистички значајна корелација помеѓу нивоата на зрелост во управување со деловните процеси и конкурентноста на пазарот на хотелите во Република Северна Македонија. На крајот е претставена анализа на предлог-модел за можностите за унапредување на квалитетот на деловните процеси во хотелиерството и негова имплементација.
Клучни зборови: менаџмент, хотелиерство, деловни процеси, управување со квалитетот, стандарди.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Elizabeta Mitreva |
Date Deposited: | 22 Oct 2024 09:15 |
Last Modified: | 22 Oct 2024 09:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34865 |
Actions (login required)
View Item |