Tashkov, Tamara and Lazarova, Biljana and Drakalska, Elena (2023) Евалуација на употребата на антибиотици на РЕ Хирургија во ЈЗУ Клиничка болница - Штип во периодот од јануари до април 2022 и 2023 година. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.
Text
kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija-TT BL.pdf - Published Version Download (481kB) |
|
Text
Kniga na apstrakti, final, 2023_opsti strani.pdf - Published Version Download (688kB) |
|
Text
Programa.pdf Download (1MB) |
Abstract
Антибиотиците играат клучна улога во модерната медицина и го револуционизираат третманот на бактериски инфекции. Од друга страна нивната зголемена и неправилна употреба доведува до значителна глобална загриженост - антимикробна резистенција. Зголемената употреба на антибиотиците започнува во средината на минатиот век. Затоа интересот на здравствените професионалци да се редуцира нерационалното користење на антибиотиците денес е поинтензивен. Високото ниво на интрахоспитални инфекции ги зголемува морталитетот и морбидитетот како резултат на бактериската резистенција кон најупотребуваните антибиотици, со што се зголемува и ризикот од појава на несакани ефекти. За да се изврши евалуација на употребата на антибиотици во оваа студија беше употребен системот на анатомска, терапевтска и хемиска класификација на лековите, нивната дневно дефинирана доза и програмата за АБЦ пресметки препорачана од СЗО. Беше извршена компаративна анализа за период од јануари до април 2022 и 2023 година која покажа константно голема потрошувачка на цефалоспорини од трета генерација со АТЦ код Ј01DD и зголемена потрошувачка на карбапенеми J01DH и кинолони J01MA во текот на 2023 година. Направената анализа покажува значителна девијација во оптималната употреба на антибиотиците, особено цефалоспорините, што е најверојатната причина за зголемениот број на интрахоспитални инфекции и развојот на бактериска резистенција кај пациентите на РЕ Хирургија во Клиничка болница – Штип.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Biljana Lazarova |
Date Deposited: | 08 Oct 2024 07:42 |
Last Modified: | 08 Oct 2024 07:42 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34781 |
Actions (login required)
View Item |