Vitanova-Ringaceva, Ana (2024) АРХИМОТИВОТ „ГРАБНУВАЊЕ НЕВЕСТА” ВО ЕПСКАТА ПЕСНА ЗА ТУРУНЏУЛА КАРАВЛАШКИ – СОВРЕМЕНИ ФОЛКЛОРИСТИЧКИ ТОЛКУВАЊА. Савремена српска фолклористика 15. ISSN 978-86-7301-210-0
Text
Современи фолклористички толкувања. Савремена српска фолклористика 13, 2023.pdf Download (389kB) |
Abstract
Епската народна поезија е единствениот документ кој сведочи
за Турунџула Каравлашки, автохтон епски јунак, за кој се пее во Струмица и околината. Постоењето на овој епски јунак се наоѓа некаде меѓу историјата и фикцијата, за што говори и неговото име кое има своја семантичка вредност во однос на неговото можно потекло и локализација. Епските песни за Турунџула Каравлашки ја следат матрицата на јуначката епска песна, со мали исклучоци. Во основата на песната за овој јунак е мотивот „грабнување невестаˮ кој се среќава како оска на секоја од песните собрани во книгата на Иван
Котев. Во недостаток на историски прототекст за ликот на Турунџула Каравлашки или каков било запис поврзан со неговото име, во науката се отвора простор за негова споредба со епските јунаци од типот Марко Крале, Момчило Војвода, Болен Дојчин и сл. Парадигмата „jунак граба невестаˮ се простира во песните од јуначкиот епос во кои
централен лик е Турунџула Каравлашки. Во овој труд ќе направиме обид за расветлување на мотивот во песните за епски јунак кој е најмалку познат во балканскиот и јужнословенскиот јуначки корпус, а останал да живее во локалната поетска традиција во југоисточниот дел на Македонија.
Клучни зборови: епска песна, епски јунак, Турунџула Каравлашки, архимотив.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 04 Oct 2024 10:20 |
Last Modified: | 04 Oct 2024 10:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34777 |
Actions (login required)
View Item |