Koteski, Cane and Petkoski, Gjorgji (2024) Специјалитети од турската и бошњачката гастрономија во имплементација во Општините Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани. In: Седма меѓународна научна конференција Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век »ISCTBL 2024«, 17 May 2024, Skopje-North Macedonia.
Text
СПЕЦИЈАЛИТЕТИ ОД ТУРСКАТА И БОШЊАЧКАТА ГАСТОНОМИЈА ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО ОПШТИНИТЕ ПРИЛЕП, КРУШЕВО, ДОЛНЕНИ И КРИВОГАШТАНИ.pdf Download (1MB) |
Abstract
Турската гастрономија има долга историја и во голема мера претставува наследство од (отоманската кујна), која што може да биде опишана како соединување на централно- азиските и балканските кујни. Турската гастрономија имала влијание на оваа кујна но и на соседните кујни, вклучувајќи ги и оние од западно европската. Турците создале специјалитети, кои денес се познати по различни делови на светот. Освен главните специјалитети кои можат да се најдат низ цела Турција, постојат и бројни регионални специјалитети. Гастрономијата на делот покрај црното море се одликува со употреба на пченка и сардели во готвењето. Во југоисточниот дел на земјата вклучувајќи ги градовите Газиантеп, Урфа и Адана, карактеристични се разните видови на ќебапи, разните мезиња, како и десерти( баклава, кадаиф и кунефе). Во западните делови на Турција, каде што се доста застапени маслиновите засади најчесто се користи маслиновото масло за термичка обработка на јадењата за зачинување на разни видови на салати и сл. Поради тоа што од овај регион се исто така богати со разни видови на риба и зеленчуци. Додека во средишниот дел на Турција, особено во Анадолија, најзастапени или најчесто користени се специјалитетите подготвени од најразлични видови на тестенини, како што се кешкеќот, мантиите и ѓомлезето. Имињата на специјалитетите од Турската, гастрономија знаат да вклучат или да добијат име на некој град или регион. На пример, разликата помеѓу ќебапот урфа и ќебапот адана е во употребата на лукот наместо кромидот и лутиот пипер кој што се става во еден од ќебапите.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Social and economic geography |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Cane Koteski |
Date Deposited: | 13 Aug 2024 10:25 |
Last Modified: | 14 Aug 2024 09:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34524 |
Actions (login required)
View Item |