Markova Ruzdik, Natalija and Ilieva, Verica (2024) Селекција и семепроизводство во поледелството. Универзитет Гоце Делчев - Штип, Северна Македонија.
Full text not available from this repository. (Request a copy)Abstract
Учебникот Селекција и семепроизводство во поледелството е наменет првенствено за студентите на прв циклус на студии на Земјоделскиот факултет на студиската програма Поледелство, како и за студентите на другите студиски програми
на Земјоделскиот факултет, но и за сите научни, стручни и професионални субјекти од областа на селекција на растенијата, семепроизводство и земјоделското производство
воопшто. При креирање на содржината на учебникот, се придржувавме на веќе постоечката наставна програма по предметот селекција и семепроизводство во поледелството, како и на сегашните состојби и достигнувања во селекциските програми. Стратегијата на селекциските програми има тенденција да ги следи глобалните, регионалните и домашните потреби во селекцијата и семепроизводството на одредена култура.
Во учебникот е даден преглед на поледелски култури, кои во нашата држава се најмногу застапени, како по засеани површини така и по производство и принос. Посебен акцент е ставено на житните култури, за кои сме сведоци дека две третини од храната која човекот ја користи потекнува од нив. Но, во овој учебник, исто така се обработени и други економски и стратешки знајачни култури во поледелството како
хелдата, сончогледот, сојата и конопот. За секоја култура одделно е даден преглед за значењето, потеклото и систематската припадност. Детално е опишана анатомската и
морфолошка градба на вегетативните и генеративните органи. Значајно внимание е посветено на целите на селекција и наследувањето на својствата кај секоја култура, потоа изборот на методите, изворите на генетска варијабилност, како и производството на семе од истата култура.
Денес постојат сорти кои имаат релативно високо ниво на генетски потенцијал за принос. Од друга страна, за истиот да не стагнира, потребно е врз основа на искуствата и научните сознанија да се изгради нов модел на високо продуктивни сорти кои ќе бидат во состојба уште подобро да ги искористат нашите еколошки и агротехнички услови.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Natalija Markova Ruzdik |
Date Deposited: | 09 Aug 2024 06:36 |
Last Modified: | 09 Aug 2024 06:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34515 |
Actions (login required)
View Item |