Tusevska, Borka and Panev, Kristijan (2023) Улогата и значењето на товарните листови во утврдувањето на превозничката одговорност. Proceedings of the 10th International Scientific Conference "Social Changes in the Global World". pp. 397-409. ISSN 978-608-244-998-2 (Т. 1)
Text
THE ROLE AND SIGNIFICANCE OF BILL OF LOADING IN DETERMINING THE CARRIER'S LIABILITY.pdf - Published Version Download (6MB) |
Abstract
Во последната деценија од 21 век, во секторот транспорт, шпедиција и логистика се случија бројни и хетерогени промени. Овие промени во суштина беа одговор на бројните превирања во нафтената и енергетската индустрија, светската финансиска криза, политичките и воените конфликти, како и присуството на пандемијата КОВИД -19, што претставуваше посебен предизвик за оваа индустрија.
Од денешна временска перспектива, овој сектор уште еднаш покажа дека адаптибилноста е една од најсилните страни на оваа индустрија. Нејзиното значење и улога за пазарот на стоки и услуги е позначајно од кога било. Транспортот per se е предизвик за истражување од повеќе аспекти. Од правен аспект (што е наш исклучителен предизвик), едно од најзначајните прашања во транспортниот и логистичкиот сектор е прашањето за одговорност за штета на стоката што се превезува. Од позиција на арбитар и судија, најзначајно е прашањето за критериумите, факторите, доказните средства за утврдување на одговорноста на давателот на услугата, најчесто превозникот.
Во овој труд ќе го проучиме прашањето за улогата и значењето на превозничките документи во утврдувањето на превозничката одговорност, фокусирајќи се како на теоретските становишта и анализи, така и на релеватната практика. Последното како дополнување на теоријата и расчистување на одредени теоретски дилеми што се уште се присутни во релеватната фела и експертите од областа на транспортот и логистиката.
За да ја оствариме целта ќе се послужиме со методите на анализа и синтеза, методот на дескрипција, компаративниот метод и методите на индукција и дедукција. Последините во фунција на поставување на резимето, како заклучок од истражувањето.
Клучни зборови: логистика, транспорт, транспортни токументи, шпедиција, одоговорност, конфенција, транспортери.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Kristijan Panev |
Date Deposited: | 10 Jul 2024 09:28 |
Last Modified: | 10 Jul 2024 09:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34442 |
Actions (login required)
View Item |