Kolevska, Katerina and Cocevska, Maja and Atanasova, Marija and Velickovska, Maja and Jolevski, Filip and Janevik-Ivanovska, Emilija and Ugrinska, Ana and Angelovska, Bistra (2023) Значење на фармакоекономските анализи при воведување на нови радиофармацевтски препарати во клиничка употреба. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip, Republic of North Macedonia.
Text
Kolevska K, UGD simpozium.pdf Download (1MB) |
|
Text
2023 UGD Simpozium poster KK.pdf Download (151kB) |
Abstract
Радиофармацевтски препарати или радиофармацевтици се медицински производи кои
кога се подготвени за употреба содржат еден или повеќе радиоактивни изотопи наменети за
медицински цели (дијагностицирање, одредување на стадиум на болест, следење на третман
или обезбедување терапија). Со развојот на технологијата и методите на производство се
зголемува бројот на радиофармацевтици во клиничка употреба, но сепак нивното воведување
во земјите во развој претставува предизвик, пред сѐ од финансиски причини.
Фармакоекономските анализи (трошок – ефективност, трошок – придобивка) се спроведуваат
со цел да се процени оправданоста за имплементација на нови радиофармацевтици во
клиничка пракса. Фармакоекономските анализи често вклучуваат и споредба на новите
радиофармацевтски препарати со веќе постоечките алтернативи. Оваа споредба помага да се
проценат клиничките и економските придобивки од новиот производ. Тоа овозможува
сеопфатна проценка на релативната вредност на новиот радиофармацевтски препарат во
споредба со другите достапни опции. Фармакоекономските анализи обезбедуваат систематска
рамка за проценка на клиничкиот и економскиот профил на новите радиофармацевтски
производи, односно дијагностичката/терапевтската стратегија што се предлага. Тие помагаат во
процесите на донесување одлуки, вклучително и распределба на ресурси, поддржувајќи го
воведувањето на ефективни и исплатливи радиофармацевтици во клиничка употреба.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Marija Atanasova |
Date Deposited: | 28 Jun 2024 09:16 |
Last Modified: | 28 Jun 2024 09:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34364 |
Actions (login required)
View Item |