Банкарство

Davcev, Ljupco (2024) Банкарство. Универзитет „Гоце Делчев”-Штип.

Full text not available from this repository.

Abstract

Образложената материја во учебникот е систематизирана и презентирана во шест глави.
Во првата глава се даддени одговори на следните прашања-што е финансиски систем, каде е местото на банките во сложениот финансискиот систем и каква улога вршат, што се тоа депоненти и кредитокорисници. Во оваа глава се дефинираат клучните поими и обајснуваат некои основни принципи на работење на банките.
Во втората глава се прави класификација на различните типови на банки, се анализираат современите банки во пазарните економски услови. Овде се анализира појавата на нови финансиски инструменти, иновациите на финансиските пазари кои го афектираат работењето на банките, се даваат современите трендови во банкарството и правците и перспективите за развојот во иднината на банкарските институции.
Во третата глава се опишани принципите на банкарско работење и тоа профитабилност, ликвидност и сигурноста. Овие три принципи се детално образложени и анализирани во оваа глава. Исполнувањето и задржувањето на овие принципи е тешко остварливо во современиот свет, особено по светската финансиска криза, и последните здравствени и воени кризи.
Во четвртата глава се опфака организациската структура на банкарскиот сектор, како и фактори кои влијаеле на промените во банкарската активност. Овде се даваат насоки на промени во функционирањето и организацијата на банките, како и нови модели на организација на банките во САД..
Во петтата глава се анализира централниот банкарскиот систем, каде се дава и осврт на историскиот развој на централните банки. Во оваа глава се дефинираат и основните функции на централната банка, билансот на централните банки, инструменти за монетарно регулирање итн. Во оваа глава е дадено централното банкарство во развиените земји, и тоа централните банки во САД и Канада, Централното банкарство во Англија, Европската централна банка како централна банка на ЕУ, централното банкарство во Јапонија и Швајцарија итн.
Во шестата глава авторот го опфака инвестициското банкарство како нов начин на функционирање на банкарските институции, кои како банки ги имаме повеке децении во САД. Главата ги опфака основните поими врзани за инвестициските банки, како и улогата и значењето на инвестициското банкарство во финанасиската индустрија. Овде се анализираат и основните принципи на развој на инвестициското банкарство, факторите за еволуција за овој тип на банки, како и структурата на глобалното инвестициско банкарство.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ljupco Davcev
Date Deposited: 25 Jun 2024 11:38
Last Modified: 25 Jun 2024 11:38
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34328

Actions (login required)

View Item View Item