Стратегија за промоција на извоз на Република Северна Македонија 2023-2027

Lazarov, Darko (2023) Стратегија за промоција на извоз на Република Северна Македонија 2023-2027. [Project]

[thumbnail of STRATEGIJA ZA PROMOCIJA NA IZVOZ.pdf] Text
STRATEGIJA ZA PROMOCIJA NA IZVOZ.pdf

Download (521kB)

Abstract

Економската теорија и досегашните практични искуства од успешните примери на брзорастечките економии јасно укажуваат дека единствена стратегија за долгорочен и одржлив економски раст и развој на мали отворени економии е извозно ориентиран модел на раст. Процесот на глобализација во изминатиот период овозможи некои земји како што се Кина, Јужна Кореа, Ирска, Сингапур и други, значително да го забрзаат својот економски развој преку аплицирање на стратегијата за извозно воден раст.

Оттука, Република Северна Македонија, како мала отворена економија, треба да се стреми кон аплицирање на модел на раст кој ќе биде базиран на раст на извозната активност со посебен фокус на раст на нето-извозот или фокус кон континуирано зголемување на домашната додадена вредност на извозот како единствен начин за намалување на трговскиот дефицит на земјата и начин за поттикнување на економскиот раст на среден и долг рок.

Изработката на оваа стратегија за промоција на извозот треба да креира една стратешка рамка и акциски план со конкретни мерки и инструменти со цел поголема поддршка во процесот на интернационализација на домашните компании. Истовремено, треба да обезбеди нивна поголема интеграција во регионалните и глобалните синџири на снабдување со особен фокус кон зголемување на соработката со странските компании во земјата.

Во самата суштина, стратегијата за промоција на извозот ја има следната визија.

Интензивирање на процесот на интернационализација на македонската економија со цел зголемување на извозот на домашните компании, како и зголемување на домашната додадена вредност на извозот на странските компании.

Визијата ќе се постигне преку следните Стратешки цели:

1. Зголемување на извозната активност преку зголемување на бројот на извозни компании, зголемување на бројот на извозни пазари, и зголемување на бројот на извозни производи

2. Подобрување на извозната структура преку пренасочување кон сектори кои имаат поголема додадена вредност

3. Зголемување на интеграцијата на домашните компании во синџирите на снабдување на странските компании во земјата и нивно регионално поврзување

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Darko Lazarov
Date Deposited: 25 Jun 2024 11:42
Last Modified: 25 Jun 2024 11:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34319

Actions (login required)

View Item View Item