Stanojoski, Igor (2024) Differentiability and comprehensibility as basic linguistic factors in the acquisition of the vocabulary of the Macedonian language. In: Knowledge without borders. Institute of Knowledge Management, pp. 97-100. ISBN 978-608-4834-30-4
Text
New Document(1).pdf - Published Version Download (1MB) |
Abstract
Македонскиот јазик во споредба со светските јазици, но и во контекстот на останатите словенски јазици вообичаено се смета за полисемичен. Полисемичноста на јазикот е често изразување на повеќе значења со помалку зборови, т.е. постоење на многу повеќезначни зборови. Важно е студентот да ја чувствува врската помеѓу зборот и неговото значење, и да има способност за интуитивна проценка на опсегот на семантичките полиња. Интерлингвалната хомонимија е сила која ја спречува појавата на девијации. Диференцијалноста (разидувањата) е сила која дејствува во спротивна насока, ја поддржува појавата на девијации. Направивме обид за статистичко-математичка пресметка на диференцијалноста на честотната лексика на македонскиот во однос на украинските односно полските лексички соодветници. Работевме само на оние зборови кои се јавуваат во речниците на Стефанија (Стефанија 2004), инаку добиени по пат на компјутерска обработка. Овие 4200 зборови ги поделивме на 5 категории според честотноста и „потребноста“, но врз основа на нашата субјективна проценка. По субјективната категоријализација во првата категорија влегоа 1466 зборови. На секој збор му беше даден коефициент на диференцијалноста на скала од 0 до 3. Коефициентот на разбирливоста на македонските зборови во една замислена идеална ситуација во која изучувачот има само еден првичен јазик и нема познавања од други јазици изнесува: 1,09 со првичен украински јазик и 0,94 со првичен полски јазик. Реалната ситуација е сепак поинаква. Има студенти кои активно го зборуваат само мајчиниот (првичниот) јазик, но нема студенти кои немаат ни пасивни знаења од другите јазици. За правилно пресметување на реалниот коефициент на разбирливоста го зедовме предвид средното познавање на интернационалната лексика, кое го имаат сите студенти без исклучок, а во случајот на украинските студенти моравме да го вклучивме и познавањето на рускиот јазик кое има речиси пресудна важност. Така, дојдовме до реалниот коефициент на разбирливоста, кој за полските студенти изнесува 0,99, а за украинските многу повеќе – 1,26. Разбирливоста е исклучително важна во почетните фази од изучувањето на јазикот. За пасивно служење со јазикот, односно за да може студентот самостојно да чита текстови неопходно е да се разбира извесен процент зборови. А читањето т.е. пасивната употреба води кон поскоро оспособување за активна употреба. Коефициентот на разбирливоста покажува дека украинските студенти имаат предност пред полските студенти, а причина за големиот распон (0,27) е познавањето на рускиот јазик, без разлика дали е тоа активно или пасивно.
Item Type: | Book Section |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Igor Stanojoski |
Date Deposited: | 20 Jun 2024 07:27 |
Last Modified: | 20 Jun 2024 07:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34306 |
Actions (login required)
View Item |