Galeva, Jordanka (2020) Компаративна анализа на мултикултурализмот во Папуа Нова Гвинеја и Република Северна Македонија. In: 26th International Scientific Conference THE TEACHER OF THE FUTURE, 26.06.2020, Budva, Monte Negro (online).
Text
PROGRAM - THE TEACHER OF THE FUTURE, 26.06. 2020.pdf Download (297kB) |
|
Text
Prezentacija 26.06.2020.pdf Download (212kB) |
|
Text
Komporativna analiza na multikulturalizmot vo Papua Nova Gvineja e Republika Severna Makedonija.pdf Download (1MB) |
Abstract
Во светот скоро и да не постојат етнолингвистички хомогени држави. Етничкото потекло, јазикот и религијата се основните индикатори со кои луѓето ја идентификуваат својата национална припадност. Во рамките на една држава припадноста на населението на различни етнички и лингвистички групи, и ја дава на државата нејзината мултикултурна карактеристика.
Според една студијата за етничката и културна различност направена од James D. Fearon во 2003 година на Листата со резултати за етничка фракционализација и културна разновидност од 160 земји во светот Папуа Нова Гвинеја е на првото место со коефициент 1 по етничка фракционализација. На истата листа, во регионот Источна Европа и поранешна СССР (во којa се вклучени и Југославија и СССР), Р.С. Македонија е рангирана на осмото место со индекс од 0.535, односно на 72-то место на светско ниво по етничка фракционализација. Различноста на државите во студијата се заснова на „она што луѓето во земјата го идентификуваат како општествено најрелевенатно за етничко групирање„. Она што е интересно за Папуа Нова Гвинеја е што таа се наоѓа и на првото место на држави со најмногу јазици, дури 840, иако за официјална употреба во државата се принзнаени само три.
Ако ја разгледаме реалната состојба на овие две држави, може да се увиди дека во секоја од нив живее население кое меѓусебно се разликува по етничкото потекло, јазикот кој го користи и религијата која ја практикува, но постои и разлика во уставните уредување по основ на како се дефинира нацијата на државата, во однос на признавањето на млацинските заедници и јазиците кои се употребуваат.
Во трудот е направена компарација помеѓу правната регулатива во однос на мултикултурните прашања во двете држави. Целта на истражувањето е да се увиди како најразличната држава на светот се справува со својата различност, дали правната регулатива е одржлива и дали постојат заеднички точки за споредба со македонската регулатива.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Jordanka Galeva |
Date Deposited: | 27 May 2024 08:33 |
Last Modified: | 27 May 2024 08:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34153 |
Actions (login required)
View Item |