Metodijeski, Dejan and Sazdova, Julijana (2024) Интернационална гастрономија (Е-Скрипта). ISBN 978-608-277-045-1.
Text
Internacionalna gastronomija Skripta.pdf Download (758kB) |
Abstract
Оваа скрипта има за цел да понуди сублимирање на литературата и концептите поврзани со интернационалната гастрономија и запознавање на студентите со можноста тие концепти на најуспешен начин да се применат во областа на туризмот и угостителството во земјава. Во разработката на материјалот, користена е соодветна литература од релевантни автори и институции од областа на туризмот и угостителството. Материјалот е структуиран и поделен на четири поглавја.
Во првото поглавје е опфатен материјалот поврзан со дефинирање на гастрономијата, класификација на гастрономијата и развоен пат на гастрономијата. Покрај тоа, се обработуваат општествените, социјалните и културните аспекти на гастрономијата, како и поврзаноста меѓу гастрономијата и туризмот.
Во второто поглавје е опфатена материјата која е поврзана со современите тенденции во гастрономијата, гастрономската понуда во угостителството, гастрономската побарувачка, меѓународните организации поврзани со гастрономијата, гастрономските натпревари, гастрономската терминологија, гастрономската анимација и регионална поделба на интернационалната гастрономија.
Во третото поглавје се опфатени карактеристиките на гастрономијата во Европа. Се обработуваат основните карактеристики, препознатливите гастрономски производи и гастрономските манифестации на следните земји, а соодветно и нивните специфични кујни: Албанска кујна , Грчка кујна, Италијанска кујна, Португалска кујна, Српска кујна, Словенска кујна, Турска кујна, Хрватска кујна, Шпанска кујна, Австриска кујна, Белгиска кујна, Германска кујна, Француска кујна, Швајцарска кујна, Англиска кујна, Шведска кујна, Бугарска кујна, Полска кујна и Руска кујна.
Во четвртото поглавје се опфатени карактеристиките на гастрономијата во регионите Азија и Пацифик, Америка, Африка и Блискиот Исток. Се обработуваат основните карактеристики, препознатливите гастрономски производи и гастрономските манифестации на следните земји, а соодветно и нивните специфични кујни: Јапонска кујна, Кинеска кујна, Тајландска кујна, Индиска кујна, Австралиска кујна, Мексиканска кујна, гастрономијата во Соединетите Американски Држави, Кубанска кујна, Аргентинска кујна, Бразилска кујна, Мароканска кујна, Туниска кујна, гастрономијата во Јужноафриканската Република, Египетска кујна и гастрономијата во Обединетите Арапски Емирати.
Скриптата е наменета за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за подготвување на испитот по предметот Интернационална гастрономија. Содржината на скриптата ја опфаќа потребната материја за материјалот по предметот Интернационална гастрономија кој се изучува во трета година, шести семестар на насоката Хотелско ресторански менаџмент како изборен предмет со фонд на часови 2+1+1.
Материјалот можат да го користат сите студенти на останатите факултети каде што се изучува предметот Интернационална гастрономија, но и останатите стручни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика. Материјалот е изготвен со цел да се унапреди наставата по предметот Интернационална гастрономија и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите.
Искажуваме благодарност до сите колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на материјалите кои беа неопходни за комплетирање на содржината на овој труд. Упатуваме благодарност и до рецензентите вон. проф. д-р Оливер Филипоски и вон. проф. д-р Владимир Китанов за корисните сугестии при креирање на материјалот за оваа скрипта.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 17 May 2024 13:38 |
Last Modified: | 17 May 2024 13:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/34057 |
Actions (login required)
View Item |