Ristovska, Aneta and Kamceva, Gordana (2023) Инциденца на изведени катетер аблации за лекување на срцеви аритмии во период од три години. Knowledge – International Journal, 61 (4). ISSN 2545-4439
Text
INCIDENCE+OF+CATHETER+ABLATIONS+PERFORMED+FOR+THE+TREATMENT+OF+CARDIAC+ARRHYTHMIAS+OVER+A+PERIOD+OF+THREE+YEARS.pdf Download (933kB) |
Abstract
Аритмија е секоја појава на кој било ритам на срцето различен од нормалниот синус ритам. Нарушувањата на срцевиот ритам се резултат на нарушувања во создавањето на импулси, нивното спроведување и/или двете. Справувањето со аритмиите претставува професионален, практичен и секојдневен предизвик на медицинските сести. Тимската работа, комуникацијата и соработката во едниците за интензивна коронарна нега се потребни за да го подобрат исходот за пациентите.
Цел на трудот: Основна цел на трудот да се прикаже инциденцата на изведени катетер аблации кај пациенти поделени според дијагноза, возраст и пол, изведени во ЈЗУ “Универзитетска Клиника за кардиологија” во Скопје во период од три последователни години.
Материјали и методи: Податоците за пациентите се земени од ЈЗУ “Универзитетска Клиника за
Скопје, ретроградно во период од три години, од 2021 2023година.
Резултати: Во 2021 година, изведени се вкупно 49 катетер аблации, на 23 мажи и 26 жени, со просечна возраст од 49.77 години. Најчеста аритмија за катетер аблација беше суправентрукуларната аритмија. Во 2022 година, изведени се вкупно 69 катетер аблации, на 35 мажи и 34 жени, со просечна возраст од 52,88 години, со најчеста аритмија атријална фибрилација/флатер. И заклучно со месец октомври во 2023 година, изведени се вкупно 29 катетер аблации, на 12 мажи и 17 жени, со просечна возраст од 48,27 години,
повторно најчеста аритмија атријална фибрилација/флатер.
Заклучок: Според нашите резултати, катетер аблациите се изведуваат најчесто кај пациенти со атријална
фибрилација/флатер и почесто кај женскиот пол.
Клучни зборови: аритмија, катетер аблација, атријална фибрилација/флатер
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Gordana Kamceva |
Date Deposited: | 03 Apr 2024 07:14 |
Last Modified: | 03 Apr 2024 07:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33963 |
Actions (login required)
View Item |