Mileska, Biljana (2024) Улогата на сестрата при нега на болни со краниоцеребрални повреди. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Text
1-цел труд - Билјана Милеска.pdf Download (683kB) |
Abstract
На клиниката за неврохирургија, во единицата за интензивно лекување, се
лекуваат пациенти со краниоцеребрални повреди и со друга патологија на кои им е
потребен интензивен надзор, специфична терапија и нега. Повредите на главата се
голема група повреди кои имаат долг процес на лекување, може да доведат до
инвалидидитет и имаат висок процент на смртност.
Цел на трудот: Во овој специјалистички труд целта е да се прикаже бројот на пациент
со повреди на мозокот примени на одделението при ЈЗУ “Клиника за неврохирургија”-
интензивно лекување Скопје, како и улогата на сестрата во приемот, лекувањто и
третманот на овие пациенти.
Материјали и методи: Користени се податоци од приемната книга при Клиниката за
неврохирургија Скопје во тек на три последователни години обработени според пол,
тип на повреда и исход од лекувањето (графичко и табеларно прикажување).
Резултати и дискусија: Во овој специјалистички труд користени се податоци од
одделението на Клиниката за Неврохирургија-Скопје. Обработени се податоци од
тетратката за приеми на болните и направена статистика според пол, тип на повреда и
исход од лекувањето. Во текот на 2020 година на одделот за Неврохирургија биле
примени вкупно 56 пациенти со дијагностициран субдурален (44) и епидурален
хематом (12). Од вкупниот број на испитаници, 45 пациенти биле мажи, додека
останатите 11 биле жени. Од вкупниот број, починале 25 пациенти.Во текот на 2021
година на одделот за Неврохирургија биле примени вкупно 53 пациенти со
дијагностициран субдурален (48) и епидурален хематом (5). Од вкупниот број на
испитаници, 34 пациенти биле мажи, а 19 биле жени. Починале 18 пациенти од
вкупниот број. Во текот на 2022 година на одделот за Неврохирургија биле примени
вкупно 64 пациенти со дијагностициран субдурален (48) и епидурален хематом (16). Од
вкупниот број на испитаници, 53 пациенти биле мажи, додека останатите 11 биле жени.
Починале 2 пациенти. Од останатите повреди на мозокот биле примени пациенти со:
CV Insult (5), F-ra impresiva (15), F-ra linearis (1), SAH (68), Coilyng (13), Haemathoma
intracerebrale (35), Haemathoma intraventriculare (1), Tumor cerebri оперирани (170) и
неоперирани (45), MS Cerebri (6), Contusio cerebri (15), Commotio cerebri (1),
Hidrocephalus (32) и артериовенска малформација(12). Во резулатите се покажани
повеќе видови на повреди, но исходот на лекувањето на 2 типа на повреди на мозокот
се со поголем број преживеани во однос на починати.
6
Заклучок: Повредите на главата претставуваат голема група повреди кои се со висок
процент на смртност. Овој вид трауми се особено значајни бидејќи може да доведат до
инвалидитет и сериозни ментални нарушувања на личноста.Поголемата едукација и
усовршување на медицински сестри во, како теоретски така и практично, придонесува
за подобрената нега како во предоперативниот, така и во постоперативниот период. За
таа цел тие треба постојано да се едуцираат и надоградуваат за да може третманот на
болните со повреди на мозокот да биде подобар.Улогата на медицинската сестра во
лекувањето на болните во единицата за интензивна нега и лекување е многу битна и
голема. Таа започнува од приемот на пациентот во единицата за интензивна нега и
лекување, негова преоперативна припрема, испраќање на пациентот во оперативниот
блок, доколку е потребно, постоперативниот прифат на болните од оперативниот блок
во единицата за интензивна нега и лекување, аплицирање на потребната терапија,
делумно во медицинската рехабилитација и едукација на болниот, исписот на болниот
од единицата за интензивна нега и лекување. Најзината улога е посебно значајна за
спречување на можните компликации посебно од инфективна природа.Многу е важно
да се почне со рана рехабилитација веднаш по било каков тип на повреда на мозокот.
Со тоа се спречува настанување на компликации, кои можат да бидат рани и доцни, се
смалува должината на рехабилитацијата и опоравување на пациентот.Подобрената
едукација и усовршување на медицинските сестри теоретски и практично придонесува
за подобрената нега во предоперативниот и постоперативниот период. Улогата на
мед.сестра е битна и голема посебно значајна како во лекувањето така и за
спречување на понатамошните компликации.
Клучни зборови: субдурален хематом, епидурален хематом, краниоцеребрални
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 28 Mar 2024 09:41 |
Last Modified: | 28 Mar 2024 09:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33891 |
Actions (login required)
View Item |