Употребата на антибиотици во текот на бременоста, ризик за појава на палатошизи

Velickova, Nevenka (2011) Употребата на антибиотици во текот на бременоста, ризик за појава на палатошизи. In: Стоматолошки симпозиум: Антимикробни средства во дентална медицина, 28.02.2012, Прилеп. Р.Македонија.

[thumbnail of brosura_ ANTIBIOTICI 2011.jpg]
Preview
Image
brosura_ ANTIBIOTICI 2011.jpg

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of Antimikrobni sredstva vo dentalna medicina.pptx] Slideshow
Antimikrobni sredstva vo dentalna medicina.pptx

Download (2MB)

Abstract

Палатошизите се вродени аномалии, кои се резултат на неспојување на ткивата од устата и/или непцето, кое спојување се случува во тек на 5-7 недела од ембрионалниот развиток кога доаѓа до создавање на усниот и носниот апарат. Неспојувањето на одредени ткива од овој регион резултира со појава на палатошизи. Големината на расцепот варира кај различни индивидуи и истиот може да продолжи само на едната или и на двете страни од усните, да продолжи само по должината на тврдото или да заврши дури до мекото непце. Најновите истражувања укажуват на тоа дека палатошизите се појавуваат при интеракција на наследните фактори на индивидуата (генетска предиспозиција) и одредени фактори од надворешната средината. Ваквото наследување кое е резултат на експресијата на поголем број на гени од една страна и присуството на одредени надворешни фактори од друга страна се нарекува мултифакториелно наследување. Најчести фактори кои го зголемуваат ризикот од појава на палатошизи се алкохолот и цигарите, кои евентуално ги консумираат мајките во текот на бременоста. Исто така се смета дека одредени лекови, хемиски агенски (фенитоин, содиум валпроат, метотраксат, кортикостероиди) како и специфичниот начин на исхрана, може да го зголеми ризикот од појава на палатошизи. Најновите истражувања покажуваат дека ризикот од палатошизи може да се намали со користење на фолна киселина во текот на бременоста.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 12 Dec 2012 14:34
Last Modified: 12 Dec 2012 14:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3377

Actions (login required)

View Item View Item