Trpevska, Monika and Kamceva, Gordana (2023) Инциденца на акутен миокарден инфаркт во период од 2017-2019 година на Универзитетска Клиника за кардиологија, Скопје, Р.Северна Македонија. Knowledge - International Journal, 61 (4). pp. 527-529. ISSN 2545-4439
Text
INCIDENCE+OF+ACUTE+MYOCARDIAL+INFARCTION+IN+THE+PERIOD+OF+2017-2019+AT+THE+UNIVERSITY+CLINIC+OF+CARDIOLOGY,+SKOPJE,+NORTH+MACEDONIA (1).pdf Download (930kB) |
Abstract
Акутен миокарден инфаркт (АИМ) е дефиниран како некроза на срцевите миоцити со симптоми на
акутна миокардна исхемија, со пораст и/или опаѓање на нивото на срцевите биомаркери, главно на
високозензитивниот срцев тропонин и најмалку уште еден критериум: симптоми на исхемија, нови или
настанати значајни промени на СТ-Т сегментот на електрокардиограм (ЕКГ), развој на патолошки Q запци
на ЕКГ-то, докази од сликовни техники и/или интракоронарен тромб детектиран на ангиографија или
аутопсија. Основна цел на трудот е да се прикажат пациентите со акутен миокарден инфаркт во рок од три
последователни години, поделени според начинот на лекување. Податоците се превземени од
Универзитетската Клиника за кардиологија-Скопје, ретроградно, во тек на три последователни години од
2017-2019година. Во 2017 година од вкупно 767 пациенти со АИМ, со пекутана коронарна интервенција
(ПКИ) биле стентирани 722 пациента (94.13%), а 12 пациенти биле со повеќесадовна болест и биле упатени
за коронарна бајпас хирургија (АЦБП), додека 33 пациенти биле третирани медикаментозно. Во 2018 година
биле примени 1098 пациенти, од нив 1054 стентирани (95,99%), 12 пациенти упатени на АЦБП, а 32
пациента биле третирани со медикаментозен третман. Во 2019 година примени се 1082 од кои 1039 пациенти
се стентирани (96,02%), 18 пациенти упатени за АЦБП и 24 пациенти биле третирани медикаментозно.
Најголем дел од пациентите се лекувани со перкутани коронарни интервенции со стентирање на кулприт
лезијата, а помал дел со повеќесадовна болест биле упатени за АЦБП. Оние пациенти кои се јавиле на лекар
>48 часа од почетокот на болката, биле третирани со медикаменозна терапија.
Клучни зборови: акутен миокарден инфаркт, перкутана коронарна интервензија, коронарна бајпас хирургија
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Gordana Kamceva |
Date Deposited: | 19 Feb 2024 12:06 |
Last Modified: | 19 Feb 2024 12:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33669 |
Actions (login required)
View Item |