Mileska, Biljana and Kamceva, Gordana (2023) Инциденца и исход од краниоцеребрални повреди улога на медицинската сестра во негата и третманот. Knowledge – International Journal. ISSN 1857-923X
Text
INCIDENCE+AND+OUTCOME+OF+CRANIOCEREBRAL+INJURIES+–+ROLE+OF+THE+NURSE+IN+CARE+AND+TREATMENT (1).pdf Download (976kB) |
Abstract
Резиме:Повредите на главата претставуваат голема група повреди со висок процент на смртност. Овој вид трауми се значајни бидејќи може да доведат до инвалидитет и сериозни ментални нарушувања на личноста. Бројот на повреди на главата изнесуваат околу 300 на 100.000 луѓе годишно, со смртност од 9 до 25 случаи на 100.000 луѓе.
Цел: Да се прикаже бројот на пациенти со повреди на мозокот примени во ЈЗУ „Клиника за Неврохирургија“ во Скопје во периодот од три години (2020 2022) и тоа според: пол, вид на церебрална повреда и исход од лекувањето. Исто така цел е и да се прикаже улогата на медицинската сестра во лекувањето и третманот на болните со повреда на мозокот.
Резултати: На одделот за Неврохирургија, во 2020 година се хоспитализирани вкупно 56 пациенти, од кои 44 пациенти со дијагностициран субдурален и 12 пациенти со епидурален хематом. Од вкупниот број на испитаници, 45 пациенти се мажи, додека 11 пациенти се жени. Починати вкупно 25 пациенти (44,6%). Во 2021 година, се хоспитализирани 53 пациенти, од нив 48 со субдурален и 5 со епидурален хематом, 34 пациенти мажи и 19 пациенти жени. Починати вкупно 18 (33,9%). Во тек на 2022 година се хоспитализирани вкупно 64 пациенти, од кои 48 пациенти со субдурален и 16 пациенти со епидурален хематом, 53 пациенти мажи и 11 жени. Починати вкупно 12 пациенти (18,7%).
Заклучок: Поради високиот процент на смртност многу е важно да се започне со рана рехабилитација веднаш по било каков тип на повреда на мозокот. Со тоа се спречува настанување на компликации, кои можат да бидат рани и доцни, се намалува должината на рехабилитацијата и опоравување на пациентот. Поголемата едукација и усовршување на медицински сестри, придонесува за подобрената нега како во предоперативниот, така и во постоперативниот период, со цел третманот на болните со повреди на мозокот да биде подобар.
Клучни зборови: краниоцеребрални повреди, хематом, сестринска нега
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Gordana Kamceva |
Date Deposited: | 13 Feb 2024 11:03 |
Last Modified: | 13 Feb 2024 11:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33570 |
Actions (login required)
View Item |