Пленарно предавање на тема „Метапоетските стихови на Ацо Шопов“

Mladenoski, Ranko (2023) Пленарно предавање на тема „Метапоетските стихови на Ацо Шопов“. In: Меѓународна научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“, 25–26 мај 2023 година, Филолошки факултет при Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. (Submitted)

[thumbnail of Mladenoski Programa i osvrt za konferenc Sopov.pdf] Text
Mladenoski Programa i osvrt za konferenc Sopov.pdf

Download (1MB)

Abstract

На Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“, што се одржа на 25 и 26 мај 2023 година на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, професорот Ранко Младеноски учествуваше со пленарно предавање на тема „Метапоетските стихови на Ацо Шопов“. Целта на ова секциско предавање беше да се претстават и да се интерпретираат песните на Ацо Шопов кои зборуваат за тајните на самиот творечки процес при создавањето на песната. На почетокот од излагањето беше нагласено дека во поетскиот опус на Шопов има еден значителен број песни кои претставуваат израз на односот на поетот кон песната, односно на неговото сфаќање на карактерот или на суштината на поезијата. Тоа се „песни за песната“, односно „песни за поезијата“. Имено, во ваквите песни се наѕира одговорот на неколку прашања: „Што е поезијата за Ацо Шопов?“; „Како ѝ пристапува Шопов на песната и какво е неговото сфаќање, разбирање за неа?“; „Чуму поезија и со каква цел?“. За да се одговори на овие дилеми, како корпус, односно како апликативен материјал, беа земени предвид песни од збирките „Слеј се со тишината“ (1955), „Небиднина“ (1963) и „Гледач во пепелта“ (1970). Во текот на пленарното предавање, Младеноски ги елаборираше суштинските метапоетски, односно металитерарни својства на поезијата на Ацо Шопов илустрирајќи го тоа со соодветни примери од поезијата на нашиот поетски великан од предочените стихозбирки. На крајот од пленарното предавање беше заклучено дека зачетоците на металитерарноста во поезијата на Шопов треба да се лоцираат во збирката „Слеј се со тишината“ од 1955 година. Извесни проблесоци на метастих има и во збирката „Ветрот носи убаво време“ од 1957 година (на пример, стихотворбата со наслов „Песна“), но со оваа проблематика Шопов доминантно се преокупира веќе со збирката „Небиднина“ од 1963 година. Интересот на нашиот поет е фокусиран на зборот, односно на потрагата по соодветниот, автентичниот, вистинскиот поетски збор како универзална категорија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 12 Feb 2024 14:41
Last Modified: 12 Feb 2024 14:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33564

Actions (login required)

View Item View Item