Моторна неврорехабилитација кај пациенти со мултипла склероза

Vasileva, Dance and Slavkoska, Marija (2023) Моторна неврорехабилитација кај пациенти со мултипла склероза. Knowledge - International Journal, 61 (4). pp. 537-543. ISSN 1857-923X / 2545-4439 (Online)

[thumbnail of MOTOR+NEUROREHABILITATION+IN+PATIENTS+WITH+MULTIPLE+SCLEROSIS.pdf] Text
MOTOR+NEUROREHABILITATION+IN+PATIENTS+WITH+MULTIPLE+SCLEROSIS.pdf

Download (1MB)

Abstract

Мултипла склероза (МС) е хронично, автоимуно, демиелинизирачко заболување на нервниот систем со веројатна генетска предиспозиција што ги засегнува претежно младите луѓе. Се смета дека патогенезата на болеста вклучува имуно-посредувана воспалителна демиелинизација и аксонално оштетување. Демиелинизирачките болести, кои ја вклучуваат и мултиплекс склерозата, се патолошки состојби во кои миелинската обвивка што ги опкружува нервните влакна во мозокот и 'рбетниот мозок или на периферните нерви е оштетена. Најчестите симптоми се проблеми со автономните, визуелните, моторните и сетилните нерви. Симптомите на МС многу варираат по видот и тежината и може да вклучуваат генерализиран замор, пецкање, вкочанетост, болни сензации, нејасен говор и заматен или двоен вид. Некои луѓе доживуваат мускулна слабост, лоша рамнотежа, лоша координација, мускулна затегнатост или спастичност, тремор или парализа, која може да биде привремена или трајна. Лекувањето се состои во успорување на напредокот на болеста и менаџирање на симптомите. Моторната неврорехабилитација значително го намалува функционалниот дефицит кај пациентите со МС и ја зголемува автономноста во секојдневното фукционирање. Целта на ова истражување е да се проследи ефектот на моторната неврорехабилитација кај болни со секундарно прогресивна форма на МС со подолг тек на развој. Материјaл и методи: Во нашето истражување се вклучени 8 болни со секундарно прогресивна форма на МС (8 жени, средна возраст 47.3±4.7 години). Од средствата на моторната неврорхабилитација се користат: правилно позиционирање во кревет и во седечка положба, пасивно-активни вежби, аналитички вежби за горни и долни екстремитети, респираторни вежби, вежби за рамнотежа и координација од седечка и стоечка положба и зафати од масажа. За потребите на анлизата на ефектот од средствата на моторната неврорхабилитација се користат тестови за трансфер (преминување од тилно лежење до лево/десно странично лежење, од тилно лежење до стоење), тест на рамнотежа по скалата на Берг (Berg balance scale) и тест Five Times Sit -To- Stand (FTSST), што е корисен за оценка на можностите за трансфер. Резултати: Истражувањето покажува дека средствата на моторната неврорхабилитација влијаат на брзината на реакциите и мускулната сила на болните, се подобрува сила на долните екстремитети, рамнотежата, координацијата и редоследноста на движењата помеѓу тораксот и долните екстремитети. По примената на овие средства од моторната неврорхабилитација кај болни со секундарно прогресивна форма на МС највисока тенденција за подобрување се откри на 1-от месец и нивото на значајност p<0.001. Заклучок: Попродолжителното изведување на вежбите како дел од целосната неврорехабилитација кај болни со секундарно прогресивна форма на МС, влијаат позитивно на физичкото здравје со што се подобрува рамнотежата, брзината на реакциите и мускулната сила на болните, сила на долните екстремитети, координацијата и редоследноста на движењата помеѓу тораксот и долните екстремитети.
Клучни зборови: моторна неврорехабилитација, мултипла склероза, секундарно прогресивна форма, терапевтски вежби.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: моторна неврорехабилитација, мултипла склероза, секундарно прогресивна форма, терапевтски вежби
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Prof. Dance Vasileva
Date Deposited: 13 Feb 2024 13:25
Last Modified: 13 Feb 2024 13:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33555

Actions (login required)

View Item View Item