Како може(в)ме да го позиционираме брендот „Македонија“?

Jovanov, Tamara (2024) Како може(в)ме да го позиционираме брендот „Македонија“? Marketing 365, Marketing 365.

[thumbnail of objavena kolumna - Marketing 365 2024.pdf] Text
objavena kolumna - Marketing 365 2024.pdf - Published Version

Download (232kB)

Abstract

Македонија е нешто што ни припаѓа на сите нас и верувам дека секој би сакал да ја види татковината во едно поубаво светло, од она што го имаме како перцепција за неа во рамки на секојдневието (како во сопствените, така и во очите на странците).

Сметам дека е исклучително важно да се осмелиме да ја замислиме таа поубава приказна. Оти, не попусто велиме дека границата на она што можеме да го оствариме е она што можеме да го замислиме.

Накратко за тоа што е позиционирање на бренд:

Позиционирањето на брендот се однесува на процесот на креирање и воспоставување на посакувана, уникатна слика за производ, услуга или, во овој случај, за целата земја, во умот на целната публика (на избран пазар) наспроти конкурентите. Тоа подразбира создавање и раскажување приказна за привлечен идентитет, која ќе го издвојува брендот од конкурентите и ќе соодветствува со вредностите, потребите, желбите и перцепциите на целните групи. Притоа, не е исклучена можноста за различни целни групи да се креираат различни понуди, како дел од пошироката слика на брендот.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 09 Feb 2024 13:31
Last Modified: 09 Feb 2024 13:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33519

Actions (login required)

View Item View Item