Dimova, Cena (2023) Локални анестезии во дентална медицина. Univerzite Goce Delcev. ISBN 978-608-277-009-3
Full text not available from this repository. (Request a copy)Abstract
Регијата во која работи стоматологот е особено чувствителна на болка, бидејќи во овој дел на главата се наоѓаат голем број нерви, а и централниот нервен систем е во непосредна близина. Токму затоа забните лекари од минатото и стоматохирурзите дале
голем и силен придонес во развојот на локалната анестезија и тоа во пронаоѓањето на различни средства за отстранување на болката како и во усовршувањето на многубројните методи и техники на локална анестезија во оралното подрачје.
Пред откривањето на анестезијата резултатите од оперативните потфати и интервенции биле многу слаби и тоа покрај знаењето на вештите хирурзи кои биле не само добри техничари туку воедно биле и добри познавачи на медицината и анатомијата на човекот. Порано во текот на интервенциите пациентите биле изложени на јаки болки, при што се наметнувала потреба хирургот не само да биде вешт, туку се барало и да биде многу брз и истовремено прецизен во работата. Но, при операциите
кои се изведувале набрзина честопати се оштетувале ткивата, пропратени со крвавење, а од друга страна пациентот бил изложен на животна опасност заради чувството на
силна болка.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Cena Dimova |
Date Deposited: | 09 Feb 2024 13:18 |
Last Modified: | 09 Feb 2024 13:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33509 |
Actions (login required)
View Item |