Ivanova, Elena and Marolov, Dejan (2023) Правото на образование низ призмата на практиката на Европскиот суд за човекови права. Годишен зборник, Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, 13 (13). ISSN 1857-8713
Text
Godisen zbornik PF 2023 konecna verzija (2).pdf Download (2MB) |
Abstract
Правото на образование е едно од фунаменталните права во современото и
демократско општество. Ваквото право е од недвосмислена важност при остварувањето на
останатите човекови права, слободата и независноста на секоја индивидуа. Државата е должна
да го почитува остварувањето на ова право и правото на родителите да го обезбедат ова право
согласно нивните религиозни и филозофски убедувања.
Европската конвенција за човекови права и изречно го уредува во член 2 од Протоколот
1, според кој се гарантира индивидуално право на образование. Европскиот суд за човекови права
констатирал дека правото на образование го опфаќа основното образование, средното
образование, високото образование и специјализирани курсеви, а дека и возрасните како и децата
го уживаат ова правото.
Начинот на кој ова право се реализира не е ослободено од повремени дискриминаторски
пракси. Ваквите пракси за жал се сеприсутни и се далеку од илузорни. Што повеќе се и наше
секојдневие кое е потврдено и со пресудата Elmazova аnd Others v. North Macedonia од 13
декември 2022 година, за дискриминација во локално училиште во Штип.
Затоа, интенцата на авторите е преку научен приказ на содржината на член 2 од Протокол
1, како и праксата на Судот во оваа област и формираните ставови да ја потенцираме важноста
на правото на образование ослободено од дискриминаторски практики. Исто така во трудот ќе ја
покажеме практичната примена на Протоколот и правото на образование загарантирано во
Конвенцијата, но и недостатоците на државите при реализација на гаранциите на овој Протокол,
со посебен осврт кон Република Македонија
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Elena Maksimova |
Date Deposited: | 09 Feb 2024 12:07 |
Last Modified: | 09 Feb 2024 12:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33503 |
Actions (login required)
View Item |