Влијание на дабовитe буриња и зреењето врз содржината на фурфурал во примероци ракија

Piperevski, Aleksandar and Ivanova, Violeta and Runcev, Atanas and Milanov, Dejan and Runcev, Aleksandar (2023) Влијание на дабовитe буриња и зреењето врз содржината на фурфурал во примероци ракија. In: IV Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, 09 Nov 2023, Faculty of Agriculture, Goce Delcev University, Stip, Republic of North Macedonia.

[thumbnail of Пиперевски и сор._Апстракт Фурфурaл-2.pdf] Text
Пиперевски и сор._Апстракт Фурфурaл-2.pdf

Download (227kB)
[thumbnail of Програма-Студентска конференција-2023.pdf] Text
Програма-Студентска конференција-2023.pdf

Download (225kB)
[thumbnail of kniga_na_apstrakti_2023.pdf] Text
kniga_na_apstrakti_2023.pdf

Download (904kB)

Abstract

Ракија е традиционален алкохолен пијалок во Република С. Македонија, но и во другите балкански земји, кој се произведува со дестилација на грозје или вино во домашни или индустриски размери. Фурфуралот е органска супстанца која настанува со дехидратација на пентози и други шеќери кои се присутни во овошјето од кое се произведува дестилатот или потекнува од дабовите буриња во кои се чува дестилатот. Присуството на фурфуралот во мали концентрации дава пријатнa аромa на свежо печен леб и бадем, додека во концентрации поголеми од 10 mg/L, може да биде токсичен и да предизвика органолептички дефекти. Во ова истражување беше извршено следење на содржината на фурфурал во 12 примероци на ракија произведени со дестилација на вино од сортатa Вранец, и зреени во дабови буриња (Style HM+T Medium Toasted- Hungary) во период од 24 месеци. Дестилацијата беше извршена со индустриска вертикална ректификациона колона со плочи (височина на колоната 20 m). Беше применета спектрофотометриска метода за определување на содржината на фурфурал во дестилати [1]. Од добиените резултати беше заклучено дека додека почетните вредности на содржината на фурфурал се движеа во опсег од 0,66 mg/L до 1,12 mg/L, а по завршувањето на процесот на зреење од 2 години, фурфурал е присутен во сите примероци ракии во дозволени концентрации пониски од 10 mg/L и се движи во граници од 3,44 mg/L до 6,89 mg/L. При тоа, беше утврдено дека содржината на фурфурал се зголемува со зреење на дестилатот во дабово буре, при што максимална содржина на фурфурал е измерена во ракијата по осумнаесетиот месец од зреењето (6,89 mg/L).

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Natural sciences > Chemical sciences
Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Violeta Ivanova Petropulos
Date Deposited: 09 Feb 2024 12:05
Last Modified: 09 Feb 2024 12:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33497

Actions (login required)

View Item View Item