Hristoska, Blagica and Koleva, Blagica (2023) Финансиската анализа како методолошки инструмент за оценка на стабилноста и успешноста на компаниите. Годишен зборник на Економски факултет, УГД, Штип, 15 (25).. ISSN 1857-7628
Text
YEARBOOK 25-2023.pdf Download (1MB) |
|
Text
25-3.pdf Download (347kB) |
Abstract
Предмет на обработка во овој труд претставува финаниската анализа како еден од методолошките инструменти преку која може да се направи една првична оценка каква стабилност и успешност има дадена компанија. Финаниската анализа претставува селекција, евалуација и интерпретација на финансиски податоци и други релевантни информации кои овозможуваат проценка на оперативните перформанси и финансиската состојба на компанијата или индустријата. Финаниската анализа мора да ги земе предвид сите релевантни економски информации кои може да влијаат врз работењето на економскиот ентитет, вклучени, но не и лимитирани во нивните финансиски извештаи. Функцијата на финансиската анализа е да им овозможи на оние кои партиципираат на финансиските пазари да формираат свои сопствени рационални очекувања за идните економски настани, посебно за вредноста, тајмингот и несигурноста на идниот готовински тек на компанијата. Преку овој процес финансиските аналитичари формираат мислења за апсолутната и релативната вредност на индивидуалните компании, донесуваат инвестициони одлуки или поттикнуваат тие да бидат донесени.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Blagica Koleva |
Date Deposited: | 06 Feb 2024 11:51 |
Last Modified: | 06 Feb 2024 11:51 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33398 |
Actions (login required)
View Item |