Консолидација на финансиски извештаи

Spasovska, Olivera and Koleva, Blagica (2023) Консолидација на финансиски извештаи. Годишен зборник на Економски факултет, УГД, Штип, 15 (24).. ISSN 1857-7628

[thumbnail of YEARBOOK 24-2023.pdf] Text
YEARBOOK 24-2023.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of 24-1.pdf] Text
24-1.pdf

Download (988kB)

Abstract

Остварувањето на основните финансиски функции во една компанија, како што се алокација на средствата за одделни намени, остварување на оптимална комбинација на изворите за финансирање на одделните активности и остварување на ефикасна распределба на финансискиот резултат во согласност со поставените цели на работењето, се базираат врз податоците од нејзините финансиски извештаи. Финансиските извештаи на една компанија можат да бидат многу сложени, факт кој дополнително го истакнува значењето на финансиската анализа, преку која сложените податоци од финансиските извештаи се сведуваат на разбирливи показатели за нивните корисници – стејкхолдери. Извештајот за финансиска состојба претставува дел од задолжителниот сет на финансиски извештаи кои се изготвуваат од страна на секој деловен субјект, на крајот на секој пресметковен период. Значењето на овој финансиски извештај е големо во ефикасното менаџирање со компаниите.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Blagica Koleva
Date Deposited: 06 Feb 2024 08:49
Last Modified: 06 Feb 2024 08:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33395

Actions (login required)

View Item View Item