Развој на сметководството

Milanova, Anita and Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Koleva, Blagica (2023) Развој на сметководството. Годишен зборник на Економски факултет, УГД, Штип, 15 (25). ISSN 1857-7628

Full text not available from this repository.

Abstract

Апстракт
Сметководствените информации ги обезбедува сметководствениот информационен
систем, кој како потсистем на информациониот систем на компанијата има големо
значење и улога. Сметководството преку планирањето, контролата и анализата, како и
преку компјутерската обработка на информациите, е еден од најважните инструменти
за ефикасно управување со компаниите.
Почетоците на сметководството датираат уште од античка Месопотамија (со
почетоците на цивилизацијата), односно потребата за евиденција се јавила со појавата
на писменоста и на „размената”, како и парите како средство за размена. Од тогаш, па
до денес сметководството постојано еволуирало и се прилагодувало согласно тековните
промени. Дел од предизвиците и потребите за развојот се обелоденети во овој труд.
Сметководството како професија се развивало и претрпело промени, но темелите
останале исти. Прилагодливоста, континуитетот, ажурноста и навременоста останале
темел за развој на професијата до денешното ниво. Сите промени во општествениот
поредок, формите на организациите, околностите, како и глобализацијата не успеале
да ја разнишат сметководствената нишка, туку напротив таа секогаш нашла начин да го
зацврсти нејзиното постоење. Целта на оваа анализа е да се разбере современиот свет
на сметководството, но преку призмата на неговите почетоци кои датираат уште пред
околу 10.000 години од нашата ера.
Клучни зборови: сметководство, двојно сметководство, дигитализација,
сметководствени информациони системи, индустриска револуција, информациска
технологија.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 30 Jan 2024 11:02
Last Modified: 30 Jan 2024 11:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33342

Actions (login required)

View Item View Item