Дигитални отпечатоци-современ тренд на денешницата

Proseva, Ljubica and Atanasova, Sandra and Petrovski, Mihajlo (2023) Дигитални отпечатоци-современ тренд на денешницата. In: International conference ETIMA 2023, 27-29 Sept 2023, Stip.

[thumbnail of Етима-Презентација Љубица.pdf] Text
Етима-Презентација Љубица.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of Agenda ETIMA 2023.pdf] Text
Agenda ETIMA 2023.pdf

Download (187kB)

Abstract

Земањето на отпечаток претставува најбитна процедура во секојдневната стоматолошка пракса. Целта на земањето на точен и прецизен отпечаток е да се прикаже димензиски стабилен негатив кој ја претставува моменталната ситуација од усната празнина. За изработка на адекватни протетски изработки најбитно е што е можно поточно репродуцирање на интраоралната состојба, и особено значајно е дека при присутна грешка може да се добие неквалитетна конечна изработка.

Современите дентални отпечаточни материјали се прецизни, хидрофилни и димензионално стабилни и можат автоматски да се замешуваат. Компаративно со развојот на конвенционалните отпечаточни материјали доаѓа до појава на интраорални скенери за дигитално отпечатување на различните структури во усната празнина. Интраоралните скенери се дигитални апарати кој во стоматолошката ординациија се користат за дигитално земање на отпечатоци и прикажување на реалната состојба од усната празнина на пациентот и на пазарот и во секојдневната стоматолошка пракса се појавуваат во осумдесетите години на минатиот век.

Механизмот на нивната работа се темели на емитирање на структурирана светлосна мрежа или ласерски зрак кој доаѓа во контакт со површината која се скенира. За време на контактот со површината зраците се деформираат и се враќаат во камерата која го праќа примениот сигнал во софтверот. Софтверот ги комбинира сите примени слики од снимените разни агли, земајќи ги во предвид движењата на скенерот како и оддалеченоста на објектите кои се скенираат, и на тој начин се реконструира скенираниот објект.

Денес на пазарот постојат разни интраорални скенери базирани на разни оптички компоненти и извори на светлина. Се разликуваат скенери базирани на активно произведување на бранова должина (True Definition Scanner, 3M), паралелна конфокална микроскопија (3Shape) и на оптичка триангулација (Sirona CEREC Omnicam). Покрај наведените постојат скенери кои користат и вештачка интелегенција како по секое скенирање имаат повеќе информации и податоци во врска со природните заби.

Најзначајните предности при употребата на дигиталните отпечатоци се однесуваат на тоа дека со нивната примена се скратува времетраењето на самите интервенции, има помала непријатност кај пациентите, станува збор за едноставна процедура, постои можност за електронски трансфер на самите податоци и се добива значително попрецизна и поточна презентација на состојбите од усната празнина на самите пациенти.

Клучни зборови: дигитално отпечатување, интраорални скенери, отпечаток, отпечаточни материјали

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Mihajlo Petrovski
Date Deposited: 29 Jan 2024 13:56
Last Modified: 29 Jan 2024 13:56
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33324

Actions (login required)

View Item View Item