Apasiev, Dimitar (2011) Претставка против Законот за безбедност и здравје при работа (2007) + касаторна Одлука на Уставниот суд на РМ. [Dataset] (Submitted)
Text
Pretstavkata i Odlukata 2.pdf Download (442kB) |
Abstract
Целта на оваа иницијатива, како своевидна Actio popularis произлезена од две здруженија на граѓани ДСП „ЛЕНКА“ и „MAGNA CARTA“, беше поведување постапка за оценување на уставноста на дел од Законот за безбедност и здравје при работа (Сл. весник на РМ, 92/07) - како општ акт, односно правен пропис, донесен од страна на Собранието на РМ со кој се предвидуваше неговите заштитни одредби да не важат за „куќните помошници“ (домашните слуги).
Судот, прифаќајќи ја оваа петиција за конституциона, јудициелна, нормативна, репресивна и aпостериорна контрола in abstracto - правилно заклучи дека и покрај тоа што оспорената одредба е во согласност со Директивата на Советот на ЕЕЗ 89/391 (1989), таа е во спротивност со низа членови од нашиот Устав (1991), поради што истата ја укина како дискриминаторска и противуставна. Мора да се напомене дека ова е многу важен преседан во македонската уставно-судска пракса, бидејќи е редок случај домашното [конституционо] право да има предност во примената пред одредена ЕУ директива при фамозниот и некритички процес на „хармонизација“ на правото со она на Европската Унија.
Item Type: | Dataset |
---|---|
Additional Information: | У.Број: 160/2010-0-1 |
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Apasiev |
Date Deposited: | 11 Dec 2012 10:47 |
Last Modified: | 11 Dec 2012 10:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3330 |
Actions (login required)
View Item |