Gjorgieva-Trajkovska, Olivera and Georgieva Svrtinov, Vesna and Miteva-Kacarski, Emilija and Paceskoski, Vlatko and Sofijanova, Elenica and Temjanovski, Riste and Dimitrova, Janka and Gogova Samonikov, Marija and Veselinova, Elena and Davcev, Ljupco and Gruevski, Ilija and Gaber, Stevan and Jovanov, Tamara and Bezovski, Zlatko and Mitreva, Mila and Arsova, Monika (2023) Business eco system as an integrated system-Be In. [Project]
Abstract
Проектот “Деловниот еко-систем како интегриран систем”, со акроним Be In (Business eco-system as an integrated system), финансиран од Европската унија преку програмата за меѓугранична соработка “ИНТЕРРЕГ ИПА Грција-Република Северна Македонија 2014-2020”, е во фаза на имплементација, од страна на четири проектни партнери: Регионот Централна Македонија од Грција, како водечки партнер, Центарот за истражување од Универзитетот Македонија, исто така од Грција, Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип, преку Економскиот факултет и Центарот за развој на југоисточниот плански регион од Струмица.
Основната цел на проектот, насочена кон развој и поддршка на локалната економија, претставува креирање на интегриран, кохерентен и иновативен бизнис еко-систем. Специфичната цел се однесува на креирање можности за вработување на младите луѓе, пред се дипломираните, преку искористување на компаративните предности на прекуграничната област, првенствено со примена на иновативни алатки и практики.
Проектните активности се дизајнирани на начин кој овозможува континуирана поддршка на малите и средни претпријатија за зајакнување и промовирање на бизнис идеите и најважно од се, помош и поддршка на младите да ги трансформираат нивните идеи во конкретни бизниси, преку зајакнување на индивидуалните квалификации на невработените лица и примена на иновативни алатки и активности од страна на претпријатијата. На овој начин, преку премостување на јазот кој постои на пазарот помеѓу понудата и побарувачката на квалификувана работа сила, веруваме дека ќе дадеме придонес кон намалување на трендот на иселување на младите, посебно квалификуваните и добро обучените, кои се повеќе одлучуваат да го напуштат прекуграничниот регион таргетиран со нашите проектни активности, во потрага по најдобрата понуда за нивните квалификации, во останати земји и региони.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Olivera Trajkovska |
Date Deposited: | 24 Jan 2024 10:01 |
Last Modified: | 24 Jan 2024 10:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33285 |
Available Versions of this Item
- Business eco system as an integrated system-Be In. (deposited 24 Jan 2024 10:01) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |