Хуманизација на личноста на ученикот преку поезијата на Ацо Шопов

Kamceva Panova, Lidija (2023) Хуманизација на личноста на ученикот преку поезијата на Ацо Шопов. In: International Scientific Conference 100 th Anniversary of the Birth of Aco Šopov, 25-26 May 2023, Stip.

[thumbnail of 6298-Article Text-11136-1-10-20231228.pdf] Text
6298-Article Text-11136-1-10-20231228.pdf - Submitted Version

Download (95kB)

Abstract

Роден спроти западното крило на Исарот, во Горно Маало, во мала
куќа на „Солунска“ бр. 10, Александар (Ацо) Ѓорѓи Зафиров – Шопов, ќе го минува
своето детство, од раѓање, па сè до излегување во партизани во 1943 год. Од првото
интегрално поетско пројавување – „Песни“ (1944), преку „Пруга на младоста“ (1947
заедно со С. Јаневски), со наши раце напишани стиховите за маката и радоста кои
се слејуваат со тишината и порачуваат дека ветрот носи убаво време излегуваат
вонредните книги „Небиднина“, „Гледач во пепелта“ и „Песна на црната жена“, па сè до
последниот поетски тестамент „Дрво на ридот“ (1980), Шопов создава неверојатни
хуманистички пораки, а мисијата на неговата литература е човекољубието. Преку
метафората Ацо ја открива човековата душа и праќа порака како да бидеме подобри,
да бидеме чисти, да напредуваме. Дланките јагленосани укажуваат на рацете работни
и чисти и за тоа дека мора да се работи за да се опстане. Читајќи ја поезијата на
Шопов, преку неговиот трифазен поетски опус, неминовно е да ја согледаме неговата
хуманистичка страна, која ја пренесуваме и на учениците преку обработка на дел
од неговата поезија. Преку мал дел од неговата поезија, учениците ја пронаоѓаат
светлината во мракот бидејќи таа секогаш успева да ја потисне темнината и на тој
начин да се хуманизира нивната личност, да знаат дека доброто го победува злото.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Lidija Kamceva Panova
Date Deposited: 25 Jan 2024 08:30
Last Modified: 25 Jan 2024 08:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33267

Actions (login required)

View Item View Item