Анализа, моделирање и предвидување на ризици во банкарски сектор со примена на економетриски методи и временски серии

Atanasova, Ana (2023) Анализа, моделирање и предвидување на ризици во банкарски сектор со примена на економетриски методи и временски серии. Masters thesis, Goce Delcev University.

[thumbnail of Magisterska-AnaAtanasova (1) (1).pdf] Text
Magisterska-AnaAtanasova (1) (1).pdf

Download (2MB)

Abstract

Банкарскиот сектор се соочува со различни ризици кои можат да влијаат нa финансиската стабилност и перформансите на банките. Овие ризици произлегуваат и од внатрешни и од надворешни извори и бараат ефективни практики за управување со ризици за да се обезбе ди стабилна состојба на банкарскиот систем. Во овој магистерски труд е направена анализа на различните видови ризици кои се појавуваат во банкарскиот сектор и со користење на економетриски методи и анализа на временски серии направено е моделирање со
цел предвидување на ризикот. Овие методи се применети на реални податоци од банкарскиот сектор во Република С. Македонија.
Во воведниот дел на магистерскиот труд се опишани различните видови ризици во банкарскиот сектор. Претставени се основните случаи на ризични настани кои претставуваат значајна точка за процена на ризик во банкарското работење.
Во втората глава на магистерскиот труд се опишани математичките модели кои се користат за анализа на ризиците. Опишани се модели кои користат статистичка анализа, анализа на временски серии со Box Jenkins методологијата и SARIMA
моделот и други економетриски модели.
Во третата глава е направена анализа на реални податоци од банкарскиот сектор во Република С. Македонија со користење на економетриски модели.
Во четвртата глава е направена анализа на реални податоци од банкарскиот сектор во Република С. Македонија преку анализа на временски серии, со цел прогноза на ризиците. Во петтата глава е опишано управувањето со ризици.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Limonka Koceva Lazarova
Date Deposited: 10 Jan 2024 10:45
Last Modified: 10 Jan 2024 10:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33193

Actions (login required)

View Item View Item