Патолошка состојба на плунковните жлезди - Сијалолитијаза

Naskova, Sanja and Proseva, Ljubica (2023) Патолошка состојба на плунковните жлезди - Сијалолитијаза. Knowledge – International Journal, 57 (4). ISSN 2545-4439

[thumbnail of PATHOLOGICAL+CONDITION+OF+THE+SALIVARY+GLANDS+-+SIALOLITHIASIS.pdf] Text
PATHOLOGICAL+CONDITION+OF+THE+SALIVARY+GLANDS+-+SIALOLITHIASIS.pdf

Download (793kB)
[thumbnail of Programa - sokobanja.pdf] Text
Programa - sokobanja.pdf

Download (319kB)
[thumbnail of Sokobanja 2023.pdf] Text
Sokobanja 2023.pdf

Download (365kB)

Abstract

Резиме:Сијалолитијазата или калкулус на плунковните одводни канали се најчестата патолошка состојба на плунковните жлезди. Сијалолитијазата претставува повеќе од 50% од сите главни заболувања на плунковните жлезди кои се јавуваат кај постарата популација, но често се јавува и кај младите лица. Калкулусите се депозити на калциумови соли кои вршат опструкција на одводните канали на малите и големи плунковни жлезди, а не ретко ги зафаќаат и паренхиматозните делови на плунковните жлезди. Сијалолитот е изграден од органски супстанции какогликопротеини, мукополисахариди и клеточен дебрис, како и неоргански супстанции калциум карбонат и калциум фосфат. Најчесто имаат овална форма и при испитување со PCR методата се пронајдени остатоци од бактериска DNA. Заболувањето најчесто се јавува кај возрасни во средна годишна возраст, но можна е појавата и кај деца и помлади. Два до три пати е почеста појавата кај мажи од колку кај жени. Најчесто се јавува во една плункова жлезда, но кај околу 3% од случите се јавува истовремено во повеќе жлезди. Во поголемите жлезди калкулусите се почесто локализирани во главниот изводен канал отколку интрагландуларно. Симптомите на опструкција на плунковните жлезди од калкулуси почетно одат со благи колики, додека подоцна се јавува едем на зафатените плунковни жлезди.Симптомите се јавуваат кога покрај постоење на калкулусите во одводни канали ќе се јави нарушување во истекување на плунката, односно ќе дојде до враќање на плунка кон ацинусите –Backflou. Лекување на сијалолитијаза е примарно хируршки. Отстранувањето на калкулусите е индицирано во периодот кога нема знак за акутна инфекција во изводен канал или во самата жлезда. Ако е калкулусот е мал од 1 до 2мм а се наоѓа во близина или на самиот орифициум на изводниот канал, неговото отстранување може да биде со масажа на жлездата. Во други случаи доколку калкулусот се отстранува по хируршки пат. Сијалолитијазата како често заболување на постарата популација но и на помладата популација, заслужува посебно внимание бидејќи често оваа болест може да биде превенирана преку правилно одржување на оралната хигиена, санирање на оралните фактори кои доведуваат до нарушување на Ph вредноста на усната празнина, третман на придружните коморбидитенти состојби. Клучни зборови: Плунковна жлезда, калкулус, калциум фосфат, калциум карбонат, Warton –ов канал.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Naskova
Date Deposited: 23 Jan 2024 10:24
Last Modified: 23 Jan 2024 10:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33171

Actions (login required)

View Item View Item